Еден викенд во три града во три држави. Париз, Брисел, Најмеген…. Спомен на свети Сава Српски. Бдение, литургии… умор и ненаспаност. Топлото гостопримство на Западно Европскиот владика Јустин од СПЦ и верниот народ низ неговата епархија, на нашинците кои чуле дека јас сум гостин и дошле да се видиме, да се поздравиме го топи уморот и ја враќа насмевката на нашите лица.
По молитвите на св. Сава и св. Климент со благодарност го сведочиме единството на Црквата Божја на радост на секој православен христијанин од секој народ и нација кој беше присутен на некоја од овие литургии, на оние трпези на љубовта, на забавата… Фала ви на сите вас прекрасни луѓе и драг мој владико!