Секоја педа од овој град мора да биде почитувана, затоа што сите ние заедно го правиме Скопје поубаво место за живеење. Скопје мора да го врати сјајот на езерото Треска, мора да ги врати приколките, бунгаловите, кафулињата, рестораните за да можат скопјани во летните месеци повторно да уживаат во безбројните активности кои може да ги понуди овој рекреативен центар. Но ова не треба да биде само визија, туку ден поскоро да стане едно од најпосетуваните туристички локации во овој мултиетнички град.