Денеска во периодот помеѓу 7:30 и 8:00 додека учениците пристигнуваа на часовите во дворот на ООУ Коле Неделковски во Центар, Скопје, надвор од оградениот простор на градилиштето, а во самоит двор на училиштето, тешка механизација растовараше градежен материјал. Додека работите се извршуваа без никакво обезбедување од страна на изведувачот на градежните работите, учениците и родителите беа приморани да се движат покрај самата механизација или истата да ја заобиколат преку каливиот тревник.
Според информациите од родителите, градежната механизација го напушти дворот на училиштето по бурната реакција на загрижените родители додека обебедувањето на училиштето воопшто не реагираше. Во ова училиште учат и децата на градоначалникот на општина Центар.