12.8 C
Скопје
27/04/2024 22:57
МАКТЕЛ

  

     

 

(ВИДЕО) Мицкоски ја претстави коалицијата „Твоја Македонија“: Седењето дома за изборите е глас за оние што ја уназадија државата

      

   

„Тргнувајќи од целта за сеопшт политички и државен развој и напредокот на нашата татковина Република Македонија, констатирајќи го девастирачкиот карактер врз македонската економија, политика и националните интереси на актуелната владејачка клика, свесни за сериозноста на предизвиците пред кои е исправена Република Македонија во битката за сеопшт политички, економски, социјален и културен развој, коалицијата „Твоја Македонија“ се обврзува дека при реализацијата на програмата за претседателските и парламентарните избори во 2024 година целосно и недвосмислено ќе се водиме од принципите на одговорност и транспарентност во политичкото дејствување“,рече Мицкоски.

 

Според него, врвни приоритети на партиите членки на коалицијата „Твоја Македонија“ ќе бидат развојот на економијата, економскиот раст, домашните и странски инвестиции, како услов за отворање нови работни места и подобар живот за граѓаните.Носечки предизвик, пак, како што вели Мицкоски, се недвосмислената и цврста борба против корупцијата и намалување на обемната бирократија.

   

     

„Коалицијата ‘Твоја Македонија’ се обврзува дека жестоко, праведно и принципиелно ќе иницираме и поддржиме акции на правната држава кои треба да ја вратат разнишаната доверба на граѓаните во институциите на државната власт“,изјави тој.Тој го нагласи разораното дејство на криминалот и корупцијата на актуелната владејачка клика и, според Мицкоски, остануваат посветени на економската модернизација на татковината.

„Во таа насока се обврзуваме дека ќе генерираме нови политики во функција на финансирање на изградба на меѓународните и локалните патишта, железничките коридори, електраните, гасоводните системи, далноводите, училиштата, болниците и другите инфраструктурни проекти“рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.Според него, коалицијата манифестира јасна и непоколеблива решителност да реализира реформи кои ќе обезбедат долгорочен економски раст и напредок на Македонија бидејќи, како што вели, цврсто веруваат дека борбата за подобри економски постигнувања значи борба за подобар живот и подобар стандард на македонските граѓани.

„Апелираме да има масовна излезеност на овие избори, бидејќи неизлегувањето на овие избори подразбира поддршка на неодговорната и криминална власт. Затоа излезеноста е клучот. Промените се во ваши раце“,вели Мицкоски.На новинарското прашање што очекува од најавениот ТВ-дуел меѓу него и лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, Мицкоски рече дека очекува да имаат сериозна дебата за иднината на Македонија и да ги кажат своите ставови како ја гледаат земјата во следните децении.

„Седум години се навршуваат од оваа Влада на СДСМ и ДУИ, која покажа се, само не, државотворност, сериозност и план за просперитетна иднина. На тој дуел очекувам да презентираме како ја гледаме Македонија во следните децении. Барем јас така ќе настапам. И посакувам успешен дуел кој ќе го привлече вниманието на граѓаните и ќе даде одговор на многу прашања кои граѓаните досега немале можност да ги слушнат“,рече Мицкоски.

Прашан за оптимизмот на Ковачевски дека ќе победи на изборите, Мицкоски вели дека не очекува дека тој ќе излезе и ќе развее бело знаме и ќе рече: „Предадени сме, завршена е работата“.

„Нормално дека Ковачевски ќе се обиде да најде да го мобилизира своето членство. И на нив им е јасно колкав ќе биде поразот. Тоа во моментот нас не нè загрижува. Целта ние да ја презентираме програмата пред што е можно повеќе граѓани. Да испратиме порака до граѓаните да се излезе и да се гласа. Фокусирани сме на една позитивна кампања, гледаме дека власта се фокусира на една црна кампања. Сакаме пред граѓаните да излеземе со понуда на решенија на проблемите кои сите граѓани ги чувствуваат. Нема да биде нешто ново ако излеземе и каже дека тие не чинат. Тоа го чувствуваат граѓаните. Сакаме да вратиме надеж кај граѓаните дека може да биде подобри“,вели тој.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека утре ќе се одржи конвенцијата за претставување на кандидатите за пратеници.„Таму ќе упатиме значајни пораки“,рече тој.На прашањето како ја оценува работата на се уште актуелните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски одговори дека секогаш може подобро, но дека овој состав покажал една вонсериска цврстина.

„Покажаа карактер и една јасна обединетост, хомогенизација, нешто што досега не е видено на политичката сцена изминатите 32 години. Беа конструктивни кога требаше да бидат, ги штитеа интересите на граѓаните. Идните пратеници ќе можат да покажат како е не само во опозиција, туку и како мнозинство, обединети, да поддржат реформски процес во кој Македонија ќе биде трансформирана онака како што сакаше мојата, вашата, нашата генерација да ја види“,рече Мицкоски.

    

Најново

Ковачки: Масовно да излеземе и да гласаме на 8 мај за да не дозволиме некој друг да ни ја крои судбината – за Македонија се работи

Sase Ivanovski

Мицкоски од Чешиново Облешево:Голема благодарност до целиот народ за постигнатиот резултат на 24 Април, сега сите масовно да излеземе на 8 мај и да гласаме за ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска Давкова

Sase Ivanovski

Небојша Захариевски, носител на кандидатската листа во ИЕ 6 активности

Sase Ivanovski

СДС коваат две сценарија – 1. Бојкот на избори, 2. Влада со ДУИ, и Али да одлучува кој кое министерство ќе го има, масовна излезност за народот да си ја врати државата

Sase Ivanovski

105 санкционирани возачи во Скопје

Sase Ivanovski

Соопштение до медиуми: КАКОВ ГРАД? Просторна интервенција, перформанс и музички настан во киното на Железничката зграда во Скопје

Sase Ivanovski

Ковачки: Платформата 1198 се обврзува на 17 милиони евра за Кочани за проекти, продолжување на експресниот пат Кочани до Делчево, реконструкција на патот Кочани до Зрновци, реконструкција на железничката линија Кочани до Велес, изградба на катна гаража и старечки Дом

Sase Ivanovski

Николоски: Ќе вложиме 50 милиони евра во спортот, спортски објекти, поддршка за клубовите и федерациите, како и пониски даноци за домашните стопанства и привлекување на нови инвестиции

Sase Ivanovski

Сајкоски: Секоја година Битола од владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе добива 11 милиони евра, затоа битолчани излезете на 8 мај за победа на ВМРО-ДПМНЕ и победа на Македонија

Sase Ivanovski

Стојаноска: Програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Платформа 1198“ предвидува зголемување на паричната помош за потполно глувите лица за 20%

Sase Ivanovski

Мисајловски: За брзо започнува изградба на нова детска градинка во Стопански Двор, проект вреден 60 милиони денари

Sase Ivanovski

Ковачевски: Никогаш повторно режим, не се откажавме на 27 април, нема да се откажеме ниту на 8 мај

Sase Ivanovski

На 8 мај оваа криминална влада ќе се соочи со пораз, а кога веќе Спасовски се обидува да прави капитал на настаните од 27 април, нека каже дали спие мирно знаејќи дека луѓето издржуваат драконски казни за дела кои не ги направиле

Sase Ivanovski

Михаилоски: Не попуштивме. Застанавме цврсто против, чувајќи ја нашата демократија и нашиот мир од слепилото на омразата и сеништето на работ на граѓанска војна., 27.04.2024

Sase Ivanovski

Бендевска: Во Битола во последните два дена зголемување на членството за 20%

Sase Ivanovski

Санела Шкријељ: Со заедништво и јасна визија да ја придвижиме државата кон она што сите го заслужуваме, европска иднина, 27.04.2024

Sase Ivanovski

Емил Јанески од Прилеп, Движењето ЗНАМ-За наша Македонија

Sase Ivanovski

Битиќи до жителите на Бутел: Резултатот е нула-нула, a на 8-ми мај заеднички одлучуваме за победникот

Sase Ivanovski

Таравари: ВЛЕН единствена албанска опција на 8ми мај, промената доаѓа

Sase Ivanovski

М-р Борче Серафимовски:ЗНАМ ќе ги поддржи младите во отворањето на сопствени бизниси

Sase Ivanovski

Лукаревска: И на 8 мај, и по 8 мај, ќе покажеме и докажеме дека СДСМ има луѓе кои никогаш нема да отстапат од социјалдемократските вредности за слобода, правда, еднаквост и просперитет за сите граѓани, за сигурна и безбедна иднина, 27.04.2024

Sase Ivanovski

Снопче: Бројот 6 првиот совршен број, 6 точки на дигитализација зошто треба да се гласа за бројот 6!

Sase Ivanovski

О, душо моја

Sase Ivanovski

5 заклучоци за неочекуваните резултати од изборите

Sase Ivanovski

„ФЕРОГАО Е ВОЗОТ НА СМРТТА, ЌЕ ЈА УНИШТИ БРАЗИЛСКАТА ШУМА“ Бразилските домородци се противат на изградбата на железница

Sase Ivanovski

50 МИЛИОНИ ЕВРА ВО СПОРТОТ, КЛУБОВИТЕ И ОБЈЕКТИТЕ Николоски објасни каде и како ќе се пласираат планираните средства

Sase Ivanovski

ДА ЗАПРЕ СИСТЕМАТСКОТО УНИШТУВАЊЕ, ЕКОЛОШКИОТ И УРБАНИСТИЧКИОТ ХАОС Еве што им порача Силјановска Давкова на жителите на Маврово

Sase Ivanovski

Во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград повредени две лица

Sase Ivanovski

Зеленски предупредува за нуклеарката Запорожје: Русија мора да ја отстапи, радијацијата не познава граници

Sase Ivanovski

Украина ги повлекува американските тенкови „Абрамс“ од првата борбена линија

Sase Ivanovski

Шојгу: Русија никогаш не би ги нападнала НАТО земјите

Sase Ivanovski

Грција воведува шестдневна работна недела

Sase Ivanovski

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

Sase Ivanovski

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева698

Sase Ivanovski

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

Sase Ivanovski

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

Sase Ivanovski

ОСВЕН ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА, СРБИЈА ЌЕ СТАНЕ НАЈГОЛЕМ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА БАКАР ВО ЕВРОПА: Се подготвуваат големи инвестиции

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Има драконски казни за дела кои не биле направени на 27 април

Sase Ivanovski

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Sase Ivanovski

Серафимовски:ЗНАМ ќе ги поддржи младите во отворањето на сопствени бизниси

Sase Ivanovski

Битиќи до жителите на Бутел: Резултатот е нула-нула, a на 8-ми мај заеднички одлучуваме за победникот

Sase Ivanovski

Таравари: „Вреди“ единствена албанска опција на 8 мај, промената доаѓа

Sase Ivanovski

Влошено е здравјето на Кралот Чарлс, активирана „Операцијата Менаи Бриџ“ за кралскиот погреб

Sase Ivanovski

Бајден и Трамп прифаќаат дебата пред претседателските избори

Sase Ivanovski

Нови 27 случаи со голема кашлица, 4 лица се хоспитализирани

Sase Ivanovski

Кина посредува меѓу Фатах и Хамас за палестинско единство

Sase Ivanovski

Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски

Sase Ivanovski

Левица со антикорупциска платформа ќе се бори против неказнивоста на функционерите

Sase Ivanovski

Ќе бидеме дел од владината коалиција, вели Касами

Sase Ivanovski

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Sase Ivanovski

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Sase Ivanovski

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Sase Ivanovski

Граѓански организации со 18 прашања до политичките партии пред парламентарните избори

Sase Ivanovski

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Sase Ivanovski

Автопатот Скопје – Блаце заглави на првите два километра

Sase Ivanovski

„Правиме букви“ – утре детска работилница за фонтови во „Бруталиск“

Sase Ivanovski

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Sase Ivanovski

Петнаесет работници лани загинале на работните места

Sase Ivanovski

Европска недела на имунизација: Слушајте ги научниците, а не дезинформациите

Sase Ivanovski

Србин измамен во центарот на Скопје, одземени му биле 300 евра

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТОТАЛНА РАСПАЉОТКА НА КАНАЛ 77: Зајкова, Карапејовски, Мизрахи, Мециновиќ – Парламентарни избори 2024

Sase Ivanovski

Села: Или прифаќаш уставни измени или треба да кажеш дека не си за ЕУ

Sase Ivanovski

Спасовски: Насилниците од „крвавиот четврток“ не смеат да бидат помилувани

Sase Ivanovski

Филипче: Пораката од граѓаните е јасна-потребни се темелни промени

Sase Ivanovski

СДСМ: Учесниците на 27-ми април се насилници, а не уставобранители како што велат Силјановска и Мицкоски

Sase Ivanovski

27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Sase Ivanovski

Филипче од Прилеп: Отворам канцеларии за комуникација со граѓаните во Прилеп, Кавадарци и Струмица

Sase Ivanovski

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција 

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Маричиќ: 27 април е силна причина да се исправиме пред налетот на старо-новиот режим

Sase Ivanovski

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Sase Ivanovski

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го истреби криминалот и за истиот ќе има одговорност, затоа ни треба поддршката од граѓаните на 8 мај за број 2

Sase Ivanovski

Ковачки: Со над 800 милиони евра владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги решава проблемите на земјоделците, со 250 милиони евра годишно дополнително ќе се развиваат општините

Sase Ivanovski

Радовишанец со месеци силувал малолетно девојче

Sase Ivanovski

Маричиќ: До крајот на месецот конечната верзија на реформската агенда до ЕК, првата исплата на средства од Планот за раст во септември

Sase Ivanovski

Тешко повреден возач кој со автомобил излета од патот Радовиш-Штип

Sase Ivanovski

Прегазен малолетен пешак во Тетово, итно пренесен во болница

Sase Ivanovski

Николоски од Подгорица – Полноправното членство во ЕУ најбрзо преку економското приближување

Sase Ivanovski

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ е пример за лажен патриотизам

Sase Ivanovski

Бучковски: Фер е да се даде шанса на Пендаровски, во игра се повеќе од 330 илјади гласови на другите кандидати

Sase Ivanovski

Бучковски: ЗНАМ на Максим Димитриевски е истиот феномен како НСДП во 2006 година

Sase Ivanovski
Вчитувам....