Секогаш кога зборувам за #ОтворенБалкан зборувам со гордост, бидејќи успехот е и мерлив и видлив. Обединет регион со отворени граници и единствен пазар за стоки услуги и луѓе. Сите заедно треба да гледаме на земјоделското производство како заедничка шанса за влез на пазарот на #ЕУ.
Познати сме по вкусната храна, по интензивниот вкус на нашите земјоделски производи, затоа заедно треба да се заложиме, да ги исполниме сите критериуми и да ги освојуваме европските пазари.
Виното е нашиот најголем адут, тоа го потврдивме сите заедно на првиот саем за вино “Wine vision Open Balkan”. Поволната клима и поднебје ги прават совршени услови за создавање на најдоброто балканско вино. Благодарение на можностите што ги дава заедничкиот пазар, овој регион може да стане најбрзо растечки регион во Европа.
#openbalkan #Growup
📌Панел дискусија “Регионална поврзаност како можност за развој”