Граѓани на општина Ѓорче Петров денеска напладне излегоа на протест против Деталниот урбанистички план за градска четврт СЗ16 со кој се предвидува изградба на десеттина згради дел од нив високи и над 20 ката.Од местото каде трева да се градат зградите учесниците на протестот порачаа дека Ѓорче Петров не може да си дозволи толкави габаритни градби на таков мал простор и побара ревидирање на целиот план и намалување на катноста.Инаку вчера една третина од советниците на вонредна седница на Советот побараа суспензија на дел од планот, но советниците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа против.