-Една од причините е промената на законот со кој за пратеник се потребни над 5.600 гласови што е недостижна бројка ако се има предвид дека одзивот на иселениците за избори е многу мал- вели Близнаковски.
Но Близнаковски забележува дека дури и кога според тогашниот закон имаше три изборни единици надвор од Македонија како што беа Австралија, Европа и Америка, пратеник се стануваше со помалку од 200 гласа, што е помалку и од гласовите што ги добил еден советник во некое мала селска општина во Македонија.Зборувајќи за бојкот на последниот попис од страна на македонската дијаспора директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски во интервју за „Слободен печат“ вината ја посочи во личности и партии во Македонија.
-Бојкотиран беше пописот, не е точно дека тие (иселениците) не сакале да се попишат. Беше бојкотиран благодарение на Архиепископот на МПЦ, г. г. Стефан и на две опозициски партии, што не сакам да ги споменам. Се случи тоа што се случи и ние сега сме во ситуација да имаме етнички Македонци кои се попишани и се 22%, а за разлика од нив албанското население е некаде околу 67 проценти кои се попишани надовр од Македонија. Така што мислам дека одредени личности треба да дадат отчет зошто повикаа на бојкот, а посебно Архиепископот на МПЦ- рече Близнаковски.
Тој посочи дека државата има околу 700.000 иселеници низ сите континенти и дека сите тие придонесуваат во полнење на буџетот на Македонија преку директната финансиска помош што им ја испраќаат на своите семејства во Македонија.
Целото интервју погледнете го во продолжение: