Според информациите на телевизијата, тој бил пуштен откако лица од грчката амбасада во Хрватска го посетиле и побарале негово итно ослободување, бидејќи Грујевски има азил во Грција
Според ТВ Клан, Грујевски е во Загреб во посета на неговиот син кој студира во Хрватска.Инаку, Горан Грујевски беше началник на Петтата управа во МВР. Заедно со Бошковски се главните обвинети во судскиот процес „Таргет-Тврдина“, поврзан со нелегалното масовно прислушување, во времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт.Горан Грујевски е во бегство од 26 јули 2017 година кога требаше да оди во притвор, но полицијата не го најде дома. Тој заедно со Никола Бошковски од УБК избегаа во Грција и им се судеше во отсуство.