-Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Македонија донесе пресуда КВП2-101/23, со која барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, поднесени од осуденитe А. Ѓ., К.Л. и А.К. против пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1768/22 од 30.11.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ-224/23 од 05.06.2023 година, ги одби како неосновани, информираат од Врховниот суд. Обвинетите Анџело Ѓорѓиевски и Клементина Лефковска беа осудени казна затвор од по 18 години, а третообвинетиот Андреј Костовски на казна затвор во траење од 16 години.