21.8 C
Скопје
02/05/2024 14:08
МАКТЕЛ

  

     

 

Го препознавте ли вистинскиот патриот?! Зошто Македонците не си ја сакаат државата и ја загадуваат кога и да можат?!

      

Во деновите на зимска пролет на ридот што ги дели Гази Баба, Бутел и Чаир на прекрасната голема полјана го сретнав мојот комшија како во кеси го собира ѓубрето што зад себе го оставиле некои несовесни „љубители“ на природата. Му велам на шега, си станал вистински патриот. Не, рече, патриотите вчера си направија убав викенд, јадеа, пиеја, пееја и си заминаа весели. Сега јас го собирам нивното ѓубре да го скријам и нивниот и мојот срам. Има овде и канти за отпадоци, ама ете нѐ има и такви кои љубовта кон татковината не ја препознаваме во тоа да ја сочуваме нејзината убавина, ако ништо повеќе барем да си го фрлат своето ѓубре, беше резигниран комшијата, за кој дознав од други дека често го прави ова, да го чисти туѓиот срам што го доживува како свој и наш.

   

Оваа случка ме потсети на нешто што ќе ми остане во сеќавање до крајот на животот. Пред повеќе од половина век бев војник во Словенија. Последните неколку месеци од воениот рок, кој траеше една година, го поминав на една караула на Алпите близу малограничниот премин Езерско- Целовец или како што го викаат Австриjците – Клагенфурт. Од првиот до последниот ден речиси секојдневно откривав колку Словенците си ја сакаат својата земја. Тоа не беше само нивниот однос кон природата. Она што го видов во тие мали селца и населби од по неколку куќи, во нивните мали гратчиња, за мене беше голема лекција и неизбежна измачувачка споредба која трае до ден денес, со прашањето без рационален одговор зошто и кај нас не е така.

 

Така се сака татковината
Прво да почнам од куќите покрај патот и на ридовите. Не се ни касарни, ни гимназии, ни хациенди, ни кули, како на нашите грамзиви новобогаташи, туку убави куќички извонредно вклопени во природниот амбиент. Дворови едноставни и зелени кои кажуваат за менталитетот на домаќините. Пред секоја куќа по некоја чиста бела канта која во одредено време ја презема цистерната на млекарата. А, околните ридови ми личеа како да ги потшишувал бербер.

   

     

И кога во ноември почна небото да истура снег и кога околу караулата имаше речиси еден метар снежен нанос, најголемото изненадување ми беше што на патот од Крањ, па сѐ до границата со Австрија немаше ниту снег, ниту мраз. Цела вечер работеле надлежните служби, помогнати од пожарникарите и граѓани доброволци. Така цел ноември, цел декември до пролет. Врне, врне, се чисти, се чисти постојано.На караулата пристигнаа ловџии без пушки, натоварени со храна за дивите животни, заедно со неколку војници заминавме да им помогнеме и да го исчистиме убаво снегот околу хранилките за животните. Да не ви раскажувам колку им се убави и пријатни кафеанчињата накај Блед и Крањска Гора и какви градини им се гробиштата, на што еден нашинец кога ги виде, извика: да ти е милина да умреш!

Околу 20 дена лежев и во болница во Мосте – Љубљана, имав хируршка интервенција на нешто што го влечев и одложував уште од пред војска. Како обичен војник имав ист третман како офицерите со највисок чин- генерали и полковнци. Хигиената и односот на персоналот кон болните беше нешто како што го гледаме во денешните странски серии за случувањата во болниците. Во Словенија пред 50 години научив дека сакањето на татковината не е однос само кон природата, туку многу повеќе од тоа, во воспитувањето почнувајќи од бебиња, во образованието, во културата, љубовта, има туку уште многу нешта кои треба да се учат, а и да се потсетиме на некои работи кои сме ги знаеле и применувале, ама сме ги заборавиле под наездата на лагите и разните пропаганди кои ја воздигнаа политиката и политичарите како наша најзначајна грижа.

Дали некогаш сте се прашале како се препознава во мир вистинскиот патриот и како треба да се сака својата татковина во време без војна. Кои се тие човечки особини што го одредуваат нивото, степенот, количината на љубов кон својата земја.Дали е тоа на пример, чесноста, работливоста, образованието, културата, односот кон семејството, кон традициите, кон државата. Дали е патриотизам да плаќате редовно даноци и придонеси, да ги воспитувате своите деца да бидат хумани и чесни, да учат, да ги почитуваат различните од себе.

Не ги препознаваме вистинските вредности
Дали е патриотизам ако со работа сте стекнале богатство и вработувате повеќе луѓе кои редовно за тоа се наградени со добри примања и платени придонеси, дали е патриотизам да стипендирате талентирани ученици и студенти, да изградите детска градинка, или училиште, амбуланта, болница, пат, водовод, да купите на аукција светски ремек-дела и да се оддолжите на татковината со тоа што ќе ги подарите на некој од музеите…. Можеме до утре да набројуваме стотици примери на патриотизам кои се практикуваат со лични пари и донации во светот, а кај нас ги има колку на прстите од едната рака и во многу поскромни рамки. Колку луѓе од вашето опкружување познавате кои имаат вакви патриотски достигнувања?

Нашиот најголем проблем е што во изминатите децении на независност исчезнаа критериумите во јавноста, што е тоа вистински патриотизам во мирно време и при изградба на демократско општество. Не можеме повеќе да го препознаме оти изумре вистинскиот патриотски однос и кон државата, но и кон сѐ она што значи љубов кон татковината и луѓето. Го убија патриотизмот лажните патриоти со новоговор пропагирајќи херојство и јунаштво небаре сме во војна со домашните предавници и надворешни непријатели.

Слушаме 24/7 говори кои повикуваат на единство зад кои се препознава само повик на делби и омраза, говор кој повикува на епохални откритија за посебноста на својот народ со идентитет од пред 3000 години. И конечно постојано ечи силна тревога за спасување на Македонија од опасноста за губење на идентитетот, јазикот, писмото, историјата, опасност од асимилација и бугаризација, опасност од домашни непријатели и странски платеници, опасност од дволичната и протекционистичка Европа, опасност од Америка и НАТО, опасност од сѐ што мисли поинаку од врховните патриоти.

Во вревата што ја креваат илјадници самопрогласени патриоти тешко е да се открие вистинскиот патриот, обичниот мал човек кој чесно си ја работи својата работа, ги плаќа своите давачки, го полни буџетот, ги школува своите деца. И се разбира ги храни трутовите, лажните патриоти кои постојано се повикуваат на него за да можат во името на народот да лажат и крадат.
Почнуваат да лажат веднаш штом го спомнат народот. Всушност и по тоа ќе ги препознаете, а изустат народ веднаш следува лага. Никогаш нив не ги интересирал народот, туку само власта и престолот. Никогаш не ги интересирала иднината, туку само минатото и тоа онака како што е наталожено во нивните глави од преданијата и идеологизираните истории.

Што беше тоа да се има образ
Трагедијата на македонското општество е во тоа што е изгубена перцепцијата во јавноста за тоа, не само кој е вистински патриот, туку што е вистинско образование, култура, етика, вистинско новинарство и медиуми, што е чесност, правда и право, што е морал во деловноста, што некогаш се викало да имаш образ.

Знаеме ли кои се идолите на младите луѓе, дали се тие кои успеале да натрупаат огромни богатства во сомнителни околности. Тие ли се нивните херои на кои никој ништо не им може, или пак поличарите кои им ја овозможиле и споделиле со нив таа моќ и богатство, и тие кои не се симнуваат од екраните и социјалните мрежи секоја минута проповедајќи за криминалите и злоделата на своите политички противници од што треба да се поразбере нивната голема чесност. Се разбира, притоа ветувајќи цврсто дека ќе го искоренат тоа најголемо зло во земјата откако ќе дојдат на власт. И така едно 32 години истата приказна за успивање на својот омилен народ.

Никако да го слушнам ниту прашањето, ниту одговорот: кога повеќе се ограби Македонија и кога повеќе злодела се направени – за време на вашите 16 години владеење и исто толку време кога бевте моќна опозиција, или во 16-те години на вашите политички противници на власт и во опозиција. А, и зошто некој би поставувал такво глупаво прашање кога сето тоа стана небитно и здодевно, а одговорот се подразбира. Единствената мерка за херојство стана да се појде кај своите телевизиски канали и на социјалните мрежи и да се распали со жесток напад врз предавниците и непријателите на Македонија. Браво за таквото јунаштво на кое не се заканува никаква и од никого опасност. Демек слушнавте ли, видовте ли како им ја расплача мајката. Алал да му е, им тресна се во лице.

Тоа е нивото на политичкиот натпревар во кој од големиот дим на испукани ќорфишеци на празно не се гледа иднината на државта. Секоја власт не е имуна на грешки и злоупотреби, ама големите стратегиски грешки кои се направени во изминатите 32 години на независност се трагични. Македонија веќе требаше да одбележи 20 години членство во НАТО и во ЕУ и да достигне многу повисоки стандарди на квалитетен живот на своите граѓани. Тој лажен патриотизам во кој не веруваат ни идеолозите што го проповедаат направи пустош во главите на луѓето и ја врати Македонија сто години назад.

Денес и по три и повеќе децении независност пак сме на истото дереџе, ако не и бетер. Прво велеа ќе ни кажале самопрогласените победници во кој правец ќе одиме по изборите. Сметаа ако ја кажат вистината ќе се узнае лагата. Затоа со немушт јазик дрдореа како папагали една иста реченица сите сме за Европа, ама со достоинство и со национална гордост и не по секоја цена. Ќе направиме подобри договори и со соседите и со Европа. Така беше до вчера. Кога увидоа дека климата се менува со наближување на изборите и оди во правец на избор меѓу Европа и останување во балканскиот батак преку ноќ ја сменија плочата.

Отидоа во Букурешт на состанок со сестринските десничарски партии и таму испееја друга песна, Европа била светилник, а ЕУ е нашата светла иднина. Се вратија како најголеми Европејци. И сега се праваат „на Тошо.“ Францускиот предлог бил голема лага, а изборите во мај не се избори помеѓу Европа и изолација. Христијан Мицкоски лидерот на ВМРО ДПМНЕ кој веќе од 2017 се гледа како премиер вели ова биле избори меѓу Ахмети, Груби, Османи, Зечевиќ, Маричиќ, Пендаровски и Ковачевски од една страна и ВМРО ДПМНЕ и коалиционите партнери од друга страна. Граѓаните ќе бираат во каква држава сакаат да живеат. Така е, само сакаат да дознаат каква држава нудите вие. Онаа откако се вративте од Букурешт, или онаа што ја блокирате со години да не стаса во ЕУ.

Ајде бре, одите продавајте ислужени коњи по Банат. Престанете со таа лага со опашка. Едно е сто отсто сигурно, ако изгубат на изборите, пак ќе ги блокираат реформите за членство во ЕУ, за случајно да не скршне Македонија од нивното беспаќе. Ако победат ќе гледаме римејк од ерата на груевизмот.
Ете тоа се нашите патриоти кои нема да постојат ако не измислат предавници и непријатели.
(dw)
Ерол Ризаов

    

Најново

130 санкции за брзо возење

Sase Ivanovski

ДА ГИ НАДМИНЕМЕ ВНАТРЕШНИТЕ РАЗНОГЛАСИЈА И ПОДЕЛБИ Да ги зацврстиме единството и слогата, порача г.г. Стефан во Велигденското послание

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НАД 1 МИЛИОН ГРУЗИЈЦИ ИЗЛЕГОА НА ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПРОРУСКАТА ВЛАДА

Sase Ivanovski

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

Sase Ivanovski

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

Sase Ivanovski

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ 6 МИЛИОНИ ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ – во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

Sase Ivanovski

ВАЖНА ОДЛИКА ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА – Ќе се дели богата дивиденда, еве колку же изнесува по акција

Sase Ivanovski

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

Sase Ivanovski

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Sase Ivanovski

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Sase Ivanovski

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Sase Ivanovski

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Sase Ivanovski

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Sase Ivanovski

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

Sase Ivanovski

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Sase Ivanovski

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Sase Ivanovski

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ – Амар Мециновиќ: Левица нема да биде дел од Влада која ќе прифати уставни измени

Sase Ivanovski

Автобусите обезбедени, за гласачите од дијаспората не се знае

Sase Ivanovski

Зеленски: Украина во НАТО по победата во војната со Русија

Sase Ivanovski

Сијарто: Судирот во Украина мора да заврши за да се спречи „лудилото на нуклеарната војна“

Sase Ivanovski

Блинкен го посети Керем Шалом, преминот за хуманитарна помош меѓу Израел и Газа

Sase Ivanovski

ВИДЕО: РУСИТЕ ЛАНСИРАА МИСТЕРИОЗНА РАКЕТА Новото оружје создало паника, на небото се појавиле чудни траги

Sase Ivanovski

ВИДЕО Американци и Русин ја лансираа ракетата на Маск кон Меѓународната вселенска станица

Sase Ivanovski

(Видео) Николов: За неполни два месеци во повеќе наврати на Хрватската граница утврдено е присуство на забранет пестицид во земјоделски производи од Македонија

Sase Ivanovski

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО – УЖАСЕН ТРЕНД ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЈА ПОТРЕСЕ ЈАВНОСТА Деца се снимаат додека мачат и убиваат животни

Sase Ivanovski

КОЈ ЧУВА ПАПАГАЛ, НЕКА МУ ЈА МИСЛИ! Смртоносна папагалска треска се шири во Европа

Sase Ivanovski

ВИДЕО Драма во турско училиште: Наставник спаси ученичка со Хајмлихов зафат

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Напад над главната руска база на Крим

Sase Ivanovski

Видео: Пожар во една од најпознатите згради во Копенхаген: Се урна цела кула

Sase Ivanovski

Видео: Пожар во фабрика во Русија, има загинати и повредени

Sase Ivanovski

ФОТО+ВИДЕО: Десетици илјади луѓе се евакуирани поради поплави во Кина – 11 лица се водат како исчезнати

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Силен ветер урна минаре на џамија во Турција

Sase Ivanovski

Лидер на ИСИС убиен во операција во пограничниот регион на Мали

Sase Ivanovski

Во поплавите во Кенија загинале 170 лица

Sase Ivanovski

Oсновачот на крипто берзата Бајненс призна дека перел пари, осуден е на четири месеци затвор

Sase Ivanovski

Над 20 лица исчезнаа во поплавите во Бразил

Sase Ivanovski

Маричиќ: 20 години од големото проширување на ЕУ, ние треба да сме во следното

Sase Ivanovski

Запленети 1,8 тони кокаин во близина на островот Сен Мартин

Sase Ivanovski

Пендаровски и Силјановска Давкова со различни ставови за употребата на името и преговорите за членство во ЕУ

Sase Ivanovski

(Видео) Ковачки најави големи проекти во Зрновци: зелен пазар, изградба на брана и резерворар

Sase Ivanovski

(Видео) Видео на руски војник стана вирално:„Добредојдовте во пеколот драги браќа, кои доаѓате за пари“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стојановски: По изборите ќе се преслика политичката разврска од 2006 – ВМРО ќе го исклучи ДУИ од идната влада, СДСМ е во незавидна ситуација!

Sase Ivanovski

Трогателна исповед на родителите на девојче-жртва на монструмот Коста Кецмановиќ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Протестен марш за 1. Мај – од пред Собрание, преку Правда, па до Влада

Sase Ivanovski

ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година, порача Шарл Мишел

Sase Ivanovski

20 години членство во ЕУ ја промени радикално економската состојба во источна Европа

Sase Ivanovski

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Sase Ivanovski

Мерц: Вратата на ЕУ е отворена за нови членки, вклучувајќи го и Западен Балкан

Sase Ivanovski

СИЛЈАНОВСКА: Струмица ја нареков феудот на Заеви што ќе се распадне!

Sase Ivanovski

Силјановска Давкова „за“, Пендаровски „против“ амнестија за 27 април

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАНКО БАЧЕВ: КАНДИДАТИТЕ НА ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА ЌЕ РАБОТАТ ЗА НАРОДОТ, СИТЕ ДРУГИ ЌЕ РАБОТАТ ПРОТИВ НАРОДОТ!

Sase Ivanovski

ЛУДА ВЕСТ НА ДЕНОТ: СКОПЈАНЕЦ СО КОЛА УДРИЛ ЖЕНА, ЈА БАКНАЛ И ЗАМИНАЛ СО ИЗГОВОР ДЕКА СЕ БРЗА?!

Sase Ivanovski

Пендаровски: Клучните столбови од програмата од 2019 – членство во НАТО, преговори со ЕУ и стабилни етнички односи се остварени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ШОКАНТНО: МИТИНГ НА ФАШИСТИ ВО МИЛАНО!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Се обврзуваме на 50 милиони евра директна помош за културата и нови телевизиски проекти на македонски јазик!

Sase Ivanovski

Битиќи: Сплотени и солидарни на 1-ви мај, со победа на СДСМ на 8-ми мај за уште поголеми плати на работниците

Sase Ivanovski

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

Sase Ivanovski

Пронајдено исчезнатото 5-годишно дете во Сарај

Sase Ivanovski

Пендаровски: Најголемиот дел од руското влијание во Македонија за жал влегува преку медиумите

Sase Ivanovski

Македонија е држава која во Србија секогаш може да најде партнер, порача Вучевиќ

Sase Ivanovski

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Sase Ivanovski

Трендафиловски: Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Sase Ivanovski

Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТЕШКИ СМО ДРАГАНЕ: СЕ ЗАГЛАВИ АВТОБУСОТ НА КОЈ ВУЧИЌ, ПИКСИ И МИЛОРАД ДОДИЌ РАЗГЛЕДУВАА НОВ СТАДИОН

Sase Ivanovski

Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРОРУСКИ БАРАБИ ГО ПРЕТЕПАЛЕ ГРУЗИСКИОТ ПРОЗАПАДЕН ОПОЗИЦИСКИ ЛИДЕР, СЕ ПОЈАВИ НА РАБОТА ЦЕЛИОТ ВО ЗАВОЈ

Sase Ivanovski

Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, денот на трудот – СДСМ секогаш била на страната на работниците

Sase Ivanovski

Ископана човечка коска во дворот на Клинички

Sase Ivanovski

ТЕК ЧЕ ДА ТИ БУДЕ ЖАОООО – Изет Меџити: Жал ни е што ВМРО-ДПМНЕ се враќа на старите практики кои мислевме дека ги заборавиле

Sase Ivanovski

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: САМО СИЛЕН СИНДИКАТ Е ГАРАНТ ЗА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА

Sase Ivanovski

ТВ 21 открива што се случуваше зад кадарот на претседателската дебата

Sase Ivanovski

Блинкен му повтори на Нетанјаху дека САД се против израелски напад на Рафа

Sase Ivanovski

Мојсовски и Димевски тврдат дека против нив се води хајка – невиноста, велат, ќе ја докажат пред судот

Sase Ivanovski

Филипче од Дојран: Почитта кон работниците ја преточивме во подобри права и повисоки плати

Sase Ivanovski

Европски фронт: Ветингот – услов за нова Влада

Sase Ivanovski

ДЕСПОТОВСКИ: По изборите, ново раководство на СДСМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) И СО ТЕХНОЛОГИЈАТА СЕ ПРЕТЕРА: Багерите во рудниците во Австралија се оперираат далечински од Јужна Африка

Sase Ivanovski

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев на работниците им го честита 1 Мај – Меѓунардониот ден на трудот: Носителите на власта во Македонија во изминатите 30 години кога ја напуштаат власта заминуваат како најголеми капиталисти врз грбот на работниците без никаква одговорност за грабежот

Sase Ivanovski

Мицкоски: Денес работничките права се прекршени и погазени, проблемите се многубројни, но решенијата мора да ги носиме заедно и одлучно

Sase Ivanovski

НЕ Е САМО СКОПЈЕ: И БЕЛГРАД ДЕНЕСКА СЕ ИСПРАЗНИ

Sase Ivanovski
Вчитувам....