⚖️ НЕМА КОМПРОМИС КОГА Е ЗАГРОЗЕН ЗАКОНОТ!
👨⚖️ ДИРЕКТОРКАТА ВЕДНАШ Е РАЗРЕШЕНА!
☝️ По добиените информации дека една директорка на основно училиште поседувала лажна диплома за странски јазик, донесов одлука за нејзино ИТНО РАЗРЕШУВАЊЕ!
🫵🏼 При самиот избор, разгледувањето на документацијата и интервјуто од страна на Училишниот одбор не било возможно да се увиди дека списите не се регуларни, при што е изготвен извештај за избор на најдобар кандидат, кој што ќе биде поништен и наскоро училиштето ќе добие нов ВД директор.
❗️Правдата мора да излезе на виделина, притоа да нема никакви негативни последици на наставно научниот процес и што е најважно на самите ученици.
🗣️ Апелирам до надлежните институции да го расветлат случајот до крај, непристрасно, исклучиво водејќи се според законодавната легислатива.
✌️Мој врвен интерес е владеењето на правото и работа во интерес на сите граѓани на Општина Кисела Вода.
Со Законот нема компромис!