Езерцето не е исушено, ниту живиот свет кој живее во него е загрозен на било каков начин, напротив, се работи за редовно чистење на водата од езерцето со почитување на сите еколошки стандарди со цел обезбедување на подобри услови за живот на живиот свет во него. Дополнително, се подобрува севкупната хигиена во Градскиот парк и се отстранува миризбата која ја предизвикува застоената вода. Уште еднаш целосно ги демантираме невистините изнесени во видеото и бараме од „Прес24“ јавно извинување во законски утврдениот рок, во спротивно ќе бидат преземени сите законски мерки. Со почит,Одделение за односи со јавност, Град Скопје