„Геноцид во Сребреница не се случи, да се случеше, немаше да има потреба постојано да се наметнува таа тема. Пресудите на судовите се однесуваат на поединци, а не на народ“, кажа Додик.Според него, на просторот на Сребреница од 1992 до 1995 година загинале 4.100 муслимани, а никаде не се спомнуваат меѓу 2.500 и 3.500 Срби кои се таму убиени.
„Геноцидот е измислица која ќе нè раздели. Се обидуваат да нè примораат да останеме и покрај фактот што нè навредуваат. Од Сребреница сакаат да направат синоним за геноцид, а и понатаму не се знае колку всушност има загинати“, кажа Додик.Тој порача дека Република Српска е стабилна и способна да се заштити од сите напади и дека никакви разговори за прифаќање на резолуцијата за Сребреница нема да постојат.„Мирна поделба е единственото решение за сите народи во Босна и Херцеговина. Централната изборна комисија на БиХ узурпира надлежности кои ѝ припаѓаат на РС, а изборниот закон на Српска е во согласност со уставот“, заклучи Додик.