Министри доаѓаат и си одат, а здравствен систем постои и работи. Колку и да е лош, на моменти запоставен а најчесто силуван, постои и не запира.Ова го напиша доктор Ненад Лазаров на својот Фејсбук пост, потесетувајќи дека најголемата тежина во јавното здравство ја носат вработените во јавните здравствени институции. Лазаров, кој важи за критичар на општествените случувања во земјава, овој пат јасно укажа дека функционирањето на здравствениот систем е благодарение на оние кои секојденовно се сретнуваат со пациентите. Еве што посочи Лазаров:
– Министри доаѓаат и си одат, а здравствен систем постои и работи. Колку и да е лош, на моменти запоставен а најчесто силуван, постои и не запира.Постои на грбот на сите вработени особено на оние посветените, со сета нивна толеранција према игнорантскиот однос на плејада ликови што седнале и станале од тоа фамозно министерство.Секој треба да е благодарен што не заминале.Се додека реформа на здравството не стане владин приоритет, небитно е името и презимето на министерот, шанси нема никакви – стои во статусот на доктор Лазаров.