Сите субјекти пријавени за дополнително снабдување по одлуката на Владата, а кои ги исполнуваат условите и чии броила се одобрени од Дистрибуција, ќе бидат снабдувани од ЕСМ Продажба од 1.12.2022 без оглед дали до тој датум ќе им пристигнат договорите по пошта. Субјектите се веќе ставени во системот на ЕСМ Продажба и треба да ги прават своите пресметки за производниот и работниот процес врз основа на новата цена на електричната енергија која ќе ја плаќаат, а тое е 80 е/MWh за прехранбената индустрија за основните производи, и 95 е/MWh за училиштата и водостопанствата.Од 1.1.2023 на субвенционирано снабдување ќе бидат приклучени сите субјекти кои дополнително ќе се пријават во следниот период, како и тие кои при првото пријавување немале комплетни документи и кои истите ќе ги комплетираат, посочуваат од ЕСМ Продажба.