Еве уште една потврда од Дњепар дека руските терористи сакаат мир? Тие само сакаат да предизвикаат поголема болка и страдање на Украинците, напиша Зеленски на Твитер. Украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи сподели застрашувачко видео на кое се гледа ракетен напад врз градот Дњепар снимено од автомобил кој возејќи по улица е пресретнат од експлозијата па мора да сврти на лево. „Еве уште една потврда од Дњепар дека руските терористи сакаат мир? Тие само сакаат да предизвикаат поголема болка и страдање на Украинците“, напиша Зеленски.