Пишува Саше Ивановски Политико
Латас никогаш не бил новинар во својата медиска кариера. Тој отсекогаш одработувал ПР нарачки за дебела плата. Причините за тоа веројатно лежат во неговото детство. Пораснат во сиромашно работничко семејство во Кисела Вода, самиот има кажано во неколку интервјуа за сиромаштијата во која растел, морал да се грижи за своите двајца браќа, родителите имале некаков инвалидитет, редовно одел на Водно да гледа низ прозорот како живееле богатите семејства на кои многу им завидувал. Без шанса за добро образование, морал да царува на улиците, бил деликвент, потоа рано почнал да работи во Словенија како некаков трговец, за потоа да почне да работи на радио па на Сител, притоа бил и актер аматер што многу му помогнало во презентацијата на вести и зборување пред камера. Фрустрацијата од таа рана младост потоа ја компензираше со тоа што мораше со слава и моќ и пари да станува доктор професор на стари години и да предава на факултетот на циркузантот Бојо?!?!
За жал, антисоцијалната свест, таа лутина кон општеството за своето сиромашно детство тој го вклопил во својата свест дека во светот нема морал и ништо не и должи на оваа држава и ова општество, дека светор е суров и нефер, и затоа тој веројатно решил дека ќе игра прљаво за да се искачи во општествените скалила, па вечно ќе блефира и ќе глуми и одработува, дека нема да се бори за никакви принципи, морал и етика, ЗА ИДЕАЛЕ ГИНУ БУДАЛЕ зарем не?! Затоа цел живот одработуваше за Кратовскиот феудалец капиталист кој пази е и социјалист иако им ја цицаше крвта на Кратовчани?!?! Ѕинго изгради во Жданец замок од 10 милиони евра додека во Кратовчани се иселија сите по цел свет за корка леб?! Но Латас за тоа не му чуеше уво, гнетеше бифтеци со мечката по скопските ресторани и ревносно си ги спроведуваше задачите од газда Ѕинго. Па потоа тој талент ќе му биде понуден на Грујо и ќе одработува за режимот на Груевски и ќе им ги пере мозоците на гледачите на Сител за дебел кеш за што и не платил данок па и ден денеска се влече по судови?!
Тој е лут на Фуркан Салиу затоа што Фуркан секој ден со своето постоење ја чеша совеста и душата на Латас која е заробена и успиена одамна во него. Фуркан ја буди таа негова одамна успана совест и душа и покажува каков Латас можеше да биде ако имаше храброст и ако не беше толкав љубител на кеш станови џипови моќ и луксуз! Ќе беше новинар! А не вечен слуга на некои политички моќни групации кои го користеа како елитна проститутка која најдобро знае да го крене рејтингот на партијата која ја прави нарачката! Еј Латас можеше да биде и новинар сите овие 30 години?!?! Колку ли е тоа возбудливо? Не може да се купи со пари, или си новинар или не си, Латас тоа го знае и бесот кон Фуркан е бес кон суровата реалност и сопствениот беден живот. Тој никогаш нема трчано по политичари и моќници, тој само ги слушал на мобилен и примал нарачки од истите! Колку ли е тажен тој живот, како курва покрај зградата на МТВ? Затоа од Фуркан му се гади и му се повраќа и повикуваше да биде претепан во емисијата Само Вистина на Канал 5.