Рам Аминах, поранешен економски советник на началникот на Генералштабот на Израел, рече дека иранскиот напад го чинел Израел меѓу четири и пет милијарди шекели (помеѓу 1,08 и 1,35 милијарди долари) и објасни дека цената вклучува само соборување на беспилотни летала и проектили, а не и загуби на теренот, за кои војската претходно изјави дека се помали.
Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари откри дека околу 350 проектили и беспилотни летала биле лансирани од Иран кон Израел и потврди дека 99 отсто од нив биле пресретнати.Хагари ги спомена помалите штети на воздухопловната база Неватим, во Бершеба, на југот на Израел, и додаде дека биле пресретнати 25 од вкупно лансираните 30 крстосувачки ракети, а од повеќе од 120 балистички проектили само мал број влегле на територијата на Израел.