Ова денеска го брифира од изборниот на Пендаровски.
„Државната изборна комисија потврди дека има седум кандидати за претседател на државата и за нас не постојат спорни кандидати. Го почитуваме гласачкото тело на сите кандидати и кога некој претендира да стане претседател на државата треба да го има предвид фактот дека тој е претседател на сите граѓани. Нашата идеја е дебатата да се одржи со сите седум кандидати и добро е што имаме позитивен одговор од сите штабови. Не можеме да кажеме финално дека ќе има дебата бидејќи во следниот период штабовите ќе треба да ги договорат техничките аспекти. Организацијата и трошоците за мастер дебатата ќе бидат заеднички“ – посочија од изборниот штаб на Пендаровски.
Оттаму додаваат дека најверојатно ќе има само една мастер дебата, бидејќи времето не дозволува да се одржат две и таа би се реализирала на почетокот од кампањата, односно, планот е таа да се одржи до 10 април.Од штабот на Пендаровски информираа дека вечерва во Клубот на пратеници ќе се организира ифтарска вечер, на која се поканети претставници на ИВЗ и неговите противкандидати за претседател. Ваква вечера, како што соопштија, Пендаровски ќе организира и за Велигден.Досега поканата за ифтарска вечера ја отфрли кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска.