Да нема никакви дилеми, евроатланската ориентација на ВМРО-ДПМНЕ е неспорна. Прашањето е кој патоказот, балансот и компромисот кој што треба да се направи на тој пат, вели Сашо Клековски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Топ тема на ваша страна.
Клековски истакна дека ставот на партијата за уставните измени и внесувањето на Бугарите во Преамбулата останува непроменет, а тоа е дека нема да прифатат уставни измени под закани и уцени.
Ние јасно го отфрливме францускиот предлог и нашиот став по тоа прашање е непроменлив. Уставни измени и заклучување на етничките Бугари во Преамбулата под уцени и диктат нема да се случат.
Клековски ги отфрли обвинувањата од страна на СДС дека ВМРО-ДПМНЕ ја носи државата кон изолација и додаде дека тие во минатото дале три предлози кои што биле неприфатливи од страна на актуелната влада.