-Од друга страна направивме една работа исклучително важна и ја направивме апсолутно правилно, зацртавме јасна визија и пат на СМ во ЕУ. Ние донесовме тешки одлуки како коалиција и СДСМ за влез на државата во НАТО. Сега гледаме што значи да се биде земја членка на НАТО во време кога има конфликти на сите страни и во Европа и на блискиот исток. И исто така отпочнавме преговори со ЕУ со заштитен македонски јазик, заштитена македонска култура и идентетит којшто веќе никој не ги доведува во прашање.Ние практично како СДСМ, но и лидерите кои ги предводеа и партијата и државата, било тоа да се претседател на држава или премиер на Влада, обезбедивме македонскиот јазик, македонскиот идентитет да станат дел од ООН, дел од НАТО и дел од ЕУ. – рече Ковачевски.