Воедно, утврдено е дека не постојат основи за покренување на дисциплинска постапка кон било кого.
Додека целото општество беше во тага, ДПМНЕ, Ковачев, Јанушев, дури и лично Мицкоски овој случај постојано го злоупотребуваа. Секој ден фрчеа прес конференции од белата палата полни со лаги.Во отуство на политичка понуда, без осет и без основа го обвинуваа МВР и поранешното раководство на чело со Спасовски дека не постапиле навреме, дека било закаснето делувањето.
Сите нивни лаги денеска се потопени.Се потврди дека ДПМНЕ е единствена партија која злоупотребува вакви случаи со лаги.Сите надлежни институции покажаа посветеност и професионалност на високо ниво во расветлување на грозоморните убиства, кои го потресоа целото општество и тоа е за поздравување.Мицкоски и ДПМНЕ да излезат и да се извинат за безобраните лаги!, рече Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.