Бројот на заразени, хоспитализирани, но и починати од Ковид-19 во Грција, бележи зголемување во периодот од 4 до 10 декември, покажува неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје во Грција. Во период од една недела регистрирани биле 48 смртни случаи на возраст од 58 до 99 години, што е драстично зголемување во однос на просечниот неделен број на починати во изминатите четири недели. Хоспитализирани биле 1.176 лица, за 38 отсто повеќе од просекот, а пораст има и на пациентите приклучени на апарати. Слична е состојбата и во останатите соседни земји. Во Бугарија само во последното деноноќие биле хоспитализирани околу 50 лица, а зголемување на бројот на заболени и хоспитализирани од Ковид-19 има во Србија.