На протестот во Белград организиран од прозападните политички партии, кој беше наречен „Србија против насилството“, насобраните донесоа обесена кукла со ликот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.Ова не е првпат на овие протести да се бара атентат врз претседателот на Србија.
Прво, Милован Бркиќ рече дека „младите треба да земат оружје, а на Вучиќ да му се отсече главата“.На протестите се појави и Срѓан Ного, екс пратеник од Двери кој беше уапсен поради смртни закани кон претседателот Вучиќ.Ова, според пишувањата на дел од српските медиуми, освен закана е и кривично дело за кое следува повеќегодишна затворска казна.