Како што неофицијално дознаваат српските медиуми, нападот се случил синоќа околу 23 часот на улицата Стеван Немања, во ресторан во Нови Пазар.
Според првите информации, малолетниот напаѓач најверојатно со нож нападнал полицаец и во таа прилика му нанел убодна рана во двете нозе и тестисите.Лекарските извештаи укажуваат дека благодарение на брзата и стручна интервенција животот на повредениот е спасен.
„Повредениот е брзо префрлен во Општата болница во Нови Пазар каде во моментов е опериран со надеж дека лекарите ќе успеат да му ја стабилизираат состојбата“ – пишуваат локалните медиуми.Полицијата набрзо го идентификувала и го привела малолетникот.Мотивот за нападот се уште не е познат, а инцидентот предизвикал голема вознемиреност кај граѓаните.