МВР на подрачјето на Скопје синоќа запленила мобилни телефони во вкупна маса од два тони, наменети за црниот пазар.Како што информира Сител, станува збор за околу 5.000 примероци и вкупната вредност би можела да достигне до 5 милиони евра, а застапени се модели на iPhone и Samsung.Допрва се очекува информација од скопската полиција каде е направена заплената ниту пак кој ги донел овие телефони во Македонија, а она што е познато е тоа дека случајот е пријавен кај надлежен јавен обвинител и кај мобилната Царина.