Фото: МВР
Триесетгодишен маж е тешко повреден откако бил прегазен од мотоциклист на пешак.
Како што информираат од МВР, вчера во 20.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје мотоцикл „дукати“ со скопски регистарски ознаки, управуван од дваесет и седумгодишниот Е.П. од Скопје, удрил во пешакот Н.Ѓ. од с.Рашче, скопско.Во несреќата и мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.