Утрово се огласи професорката Мирјана Најчевска со потсетување дека актуелниот премиер на земајта е осомничен за воени злосторства и истиот беше амнестиран во времето на владењето на ВМРО – ДПМНЕ заедно со ДУИ, а потоа со сегашната коалиција со СДСМ се искачи скалила погоре во влаедјачите позиции.
– Актуелниот премиер на Македонија е човек осомничен за воени злосторства кој беше амнестиран од страна на ДПМНЕ. Време е да ги отвориме Хашките случаи.Злосторствата против човештвото не застаруваат – напиша Најчевска на Фејсбук.Воедно професорката се дополни, со линкови од поранешни објави поврзани со обвинувањата за тешки злосторства нашравени врз наши сограѓани, поточно со објави поврзани со амнестирањето на некогашни сторители на тешки кривични дела.
– ДПМНЕ ги амнестираше осомничените за злосторства против човештвото (https://prizma.mk/nova-opozitsiska-bomba-hashkite…/), а СДСМ продолжи да ги поставува на функции Така беше воспоставено владеењето на мафијата во Македонија. Во меѓувреме ракот метастазираше до невидени размери.Само СДСМ и ДПМНЕ го одржуваат ДУИ – мафијата на власт – дополни Најчевска.