Професорката Мирјана Најчевска со свои контрааргументи на најавите на лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски за враќање на старите начини на даночење и изедначување на даночното оптоварување.Најчевска јасно прашува како ќе се подобри животот за сите граѓани во земјава ако оние кои имаат и зработуваат повеќе од сите останати плаќаат помалку.
– Како може да се оствари подобар и поквалитетен живот за сите граѓани ако се намалат даноците на тие кои заработуваат најмногу?Намалувањето на даноците значи помалку пари за образование, здравство, социјала, животна средина, култура, … – напиша Најчевска на Фејсбук. Еве ја нејзината објава: