Тој посочи дека на американскиот претседател во нивниот вчерашен разговор јасно кажал дека Израел е решен да ја заврши елиминацијата на тие баталјони во Рафа.Нетанјаху додаде дека двајцата лидери се договориле за нов механизам- Американците да ги споделуваат со нив своите идеи за хуманитарна помош и евакуација на цивилите, за што е загрижен и Израел.Тој нагласи дека Израел мора да ја заврши воената елиминација на Хамас.
-Нема замена за тоа, не можете да го заобиколите, не можете да кажете „ќе уништиме 80 отсто од Хамас“, „ќе уништиме 20 отсто“, бидејќи тие 20 отсто ќе се реорганизираат и повторно ќе го заземат Појасот (Газа) и секако тие ќе претставуваат нова закана за Израел и секако тоа ќе биде и победа за пошироката оска што ни се заканува – иранската оска, рече Нетанјаху.