Можете ли да претпоставите што значи да си храбар новинар кој делува претежно во албанскиот медиски простор каде е 100 пати поопасно од македонскиот медиски простор од икс причини кои се историски и културни и цивилизациски, едноставно Албанците проблемите ги решаваат малце порадикално од нас Македонците, само пред некој ден беше пукано со пиштол кон градоначалникот на Арачиново, а токму таму живее новинарот Фуркан Салиу.
Тоа што тој набавил легално пиштол е за да проба да се заштити од евентуален напад од разни структури против кои секој ден пишува и прави емисии. Животот на новинарите е многу опасен, исто како на полицајците, затоа треба да имаме средства за да се одбраниме, или бар да пробаме да се одбраниме. Затоа тоа што Фуркан имал пиштол со дозвола не го прави лош човек, туку реално оекував во кола да му најдат шмајзер и зоља кои би било супер ако легално му се дадат за колку толку да има барем шанса за одбрана ако некој реши да го замолчи за своите храбри новинарски походи. Некој што не работел новинар не знае за колку опасна професија станува збор. Особено ако работиш во Чаир и Арачиново и пишуваш за нарко картелите и разните мафијаши и моќници.