При посетата на Струмичкиот регион канидатот за преседател Стево Пендаровски денеска се сретна со жителите на општина Босилово.
Пред граѓаните, Пендаровски порача дека е важно веќе в среда, на 24 април да се излезе масовно на изборите и да се заокружи бројот еден.
„Да не заборавите, уште во првиот круг ќе се види колку се за демократска, европска и просперитетна Македонија, а кои се за режим. Затоа е многу важно уште на 24 април да им покажеме дека има голем број на граѓани кои ја сакаат европска Македонија“ порача Пендаровски.Кандидатот за претседател Пендаровски порача дека само бројот еден е гаранција за продолжување на патот кон полноправно членство, а се друго е враќање назад во неизвеснот, поделби и изолација.