7.8 C
Скопје
27/04/2024 09:06
МАКТЕЛ

  

     

 

Платформа 1198 на ВМРО-ДПМНЕ: Негување на стратешкото партнерство со САД, полноправно членство во ЕУ, евалуација на досегашната работа на амбасадорите и конзулите, формирање на совет  за економска дипломатија и економски промотори

      

Основен приоритет на нашата надворешна политика ќе биде полноправно членство на Република Македонија во Европската Унија. Една работа која што ќе ја прави идната влада е Македонија да биде држава која што ќе биде силно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика. А исто така клучен приоритет ќе ни биде негување на стратешкото партнерство со САД, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски на денешната програмска дебата насловена Дипломатски хоризонти – Реформи во политичкиот систем, стратегии за надворешната политика и дипломатија посветена на ЕУ на која се презентира програмата на ВМРО-ДПМНЕ Платформа 1198.

   

Муцунски потенцираше дека приоритети кои што треба да ги испорача нашата дипломатска мрежа е веднаш да се направи евалуација на работата на нашите дипломатски и конзуларни претставништва, односно како што рече тој да се виде кој какви резултати постигнал и доколку не се постигнале резултати ќе треба да бидат отповикани, а на нивно место ќе бидат поставени и професионални, стручни и компетентни кадри.

 

Во делот на приоритети кои што треба да ги испорача нашата дипломатска мрежа, односно една работа која мора веднаш да ја направи е евалуација на работата на нашите дипломатски и конзуларни претставништва. Знаеме за попустливоста  на МНР, знаеме за стратешките грешки. Но, огромен дел од проблемот е што Македонија во моментот има катастрофална дипломатска мрежа. И затоа прво ќе треба да се направи евалуација што нашите амбасадори и конзули за кои што издвојување значителни буџетски средства прават во својата работа, кој резултати ги постигнале, дали тие успеале да донесат некој инвеститор кои што отворил работни места во Македонија. Врз основа на таа евалуација потоа ќе цениме дали некој постигнал резултати, а  тие кои не постигнале резултати ќе треба да бидат отповикани, и професионални, стручни и компетентни кадри да седнат на нивно места. И во таа смисла како приоритет ќе биде економската дипломатија, научната дипломатија, образовната и културната дипломатија. Оние аспекти на надворешното политичко работење кое носат добро за граѓаните на Република Македонија, дециден е Муцунски.

   

     

Во делот на европските интеграции Муцунски рече дека дилемата на граѓаните е што ќе се прави со спорот со Бугарија, но посочи дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, а тоа е дека нема уставни измени под вакви услови.Нашиот став што го имаме до сега бил кристално јасен. Под вакви услови ние не прифаќаме уставни измени, рече тој и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ легитимна алтернатива е да се бара одложната примена на уставните измени, како и гаранција од ЕУ за македонскиот јазик и идентитет, но и гаранција дека нема да има повеќе билатерализација на европската интеграција на Македонија, истакна тој.

Без никаков сомнеж одложната примена на уставните измени  е една легитимна алтернатива која што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ. Истовремено од наша страна ќе има гаранции од ЕУ за македонскиот јазик, идентитет, но и гаранција дека веќе нема да имаме билатерализација на европската интеграција на нашата држава, рече Муцунски и заклучи дека доаѓа крај на попустлива надворешна политика.Она што треба да го знаат нашите сограѓани доаѓа крај на попустлива надворешна политика, која имаше само една цел во последните години, а тоа е да ги штити тесните интереси кои што беа на власт.Антонио Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека оваа Влада пропушти да го искористи веќе воспоставениот механизам Агенција за привлекување на странски инвестиции.

Што ќе направиме ние? Прво, ќе се направи координација меѓу Агенцијата за привлекување на странски инвестиции и МНР. Тимот во амбасадата ќе се зајакне со економски промотор. Второ, за да имате мотивиран тим мора и амбасадорот да е тој кој ќе ја има најсилната мотивација да ја претставува државата и не може да има амбасадори кои направиле штета на националните интереси. Ќе спомнам  еден пример, тоа е со амбасадорот во Рим во ек на најголема криза со патните исправи која настана поради неспособната Влада, тој неовластен од никого упати дипломатски нота до италијанското МНР со која македонските пасоши ги прогласи за невалидни. Такви лица треба веднаш да се отповикаат и не само овој има уште неколку што треба да се отповикаат, рече Милошоски.Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање потенцираше дека политиката која ќе ја води ВМРО-ДПМНЕ ќе биде на силни македонски позиции и дека интерес на сите е Македонија да има отворени врати каде се носат клучните одлуки на светската политика.

Македонија мора и треба да води македонска политика. Политиката која што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја води ќе биде на силни македонски позиции. Интерес на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија и на македонскиот народ и на граѓаните на Македонија е Македонија да има отворени врати на најважните места каде што се носат клучните одлуки на светската политика. Било кој што сака да ја спротивстави Македонија, да го спротивстави ВМРО-ДПМНЕ, да го спротивстави македонскиот народ и да ги спротивстави граѓаните на Македонија со клучните места каде што се водат најважните светските политики нема да и донесе добри резултати на Македонија. И поради  тоа ние не треба да се спротивставуваме на главните фактори во светот затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе води политика која што ќе биде на линија и на ЕУ и на НАТО и на стратешкото партнерство со САД. Во наш интерес е да не им дозволиме ниту на СДСМ, ниту на ДУИ да имаат монопол во делот на надворешно политичката комуникација на Република  Македонија, порача Ѓорчев.

Поради несериозноста на власта, ние во НАТО немавме три години висок воен претставник. Во мисиите во кои што учествуваат наши војници, наши старешини се испраќаат луѓе без соодветни критериуми, без соодветни вештини, без соодветни компетенции. Значи се праќаат луѓе по партиска или по друга линија. Имаме ситуации каде што се испраќаат луѓе без соодветни безбедносни проверки односно се враќани токму од нашите НАТО партнери, истакна Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Ковачки додаде дека Македонија има стара стратегија за одбрана која што датира од пред зачленувањето во НАТО.

Тука е и реформата која што ни претстои е во безбедносниот разузнавачки систем. Зошто ова го говорам? Затоа што во изминатиов период имавме ситуации и скандали каде што едната служба, Агенцијата за разузнавање знаела за рускиот шпион Онишченко, меѓутоа не ја известила Агенцијата за национална безбедност која што дала позитивно за добивање на државјанство на овој руски шпион. Така да службите помеѓу себе не разговараат, а тоа го потврди и самиот претседател Пендаровски. И од тие причини и многу други скандали во изминатиов период кои сме ги изнесувале во јавноста, е потребна една поголема централизираност и рационализација на процесите. Или со други зборови кажано потребно е обединување на двете структури на Агенцијата за разузнавање и на Агенцијата на национална безбедност, порача Ковачки.

Викторија Трајков посочи дека македонската дијаспора е нераскинлив дел од македонското национално ткиво и секогаш кога претставници од ВМРО-ДПМНЕ се присутни меѓу македонската дијаспора навистина се добро пречекани бидејќи точно знаат кој е за Македонија а кој е против Македонија.

Неуспешните политики на оваа Влада за жал во последните неколку години го зголемија бројот на луѓе кои си заминуваат од државата и го зголемуваат бројот на македонската дијаспора што е навистина погубно за една држава со оглед на тоа дека треба да се зголемува бројот на луѓе кои живеат во Македонија, а не да се намалува. За таа цел ние во нашата програма имаме навистина импозантни проекти кои ги планираме за афирмација на македонската дијаспора, рече Трајков.Таа продолжи и додаде дека прво и осново што треба да се направи е да се изготви мапирање во дијаспората.

Прво и основно што ќе го направиме е мапирањето точно да се преброиме каде сме и колку сме, во поглед на тоа имаме две клучни работи кои сакам да ги споменам прво е формирање на совет за економска дипломатија со цел искористување на севкупниот потенцијал Македонци кои работат во светот и се на клучни позиции и тој нивен потенцијал треба да го искористиме за доброто на државата на нивната матична држава Македонија и со афирмирање на еден таков совет ќе придонесеме да се подобри позицијата на Македонија во поглед на економската сфера. Исто така со мапирање и правење совет за научна дипломатија ќе придонесеме клучни професори, асистенти, доценти кои се на големи универзитети во светот да ни се приклучат во борбата да го направиме ова место подобро место за живеење, кажа Трајков.

Иванка Василевска пратеник од ВМРО- ДПМНЕ истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ветува темелни и суштински реформи и многу работа како и две клучни реформи за кои треба да се отпочне дебата по формирањето на владата на ВМРО-ДПМНЕ а тоа е собрание од 90 пратеници и една изборна единица.

„Да понудиме една заедничка национална платформа во рамките во која ќе ги вградиме сите македонски граѓани сите оние кои што веруваат во македонската држава и во правото на шанса да бидеме онаму каде што заслужуваме. Затоа ценам дека е особено важно да се посвети внимание на политичкиот систем во Македонија. Неопходна е темелна демократска трансформација на македонскиот политички систем. Неопходно е во таа трансформација вклучување на сите политички чинители, воведување на национален консензус но пред си и над се македонските граѓани како фундамент. Сето тоа укажува на две клучни реформи од каде ќе започнеме. Правата е собрание од 90 пратеници, сметам дека бројот на пратеници треба да биде пропорционален според бројот на гласачите. Таа дебата треба да почне по формирање на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Треба да се отпочне и дебата за една изборна единица. Ветуваме темелни и суштински реформи, и многу работа“ нагласи Василевска.

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски истакна дека за да се постигне еднаквост на владеење на правото и еднаквост на граѓаните пред институциите потребна е длабока реформа во правосудниот систем и реформа во државната администрација.

Правосудниот систем ќе ја претрпи својата реформа, не со политички екскурзии коишто се случуваа во последниве 7 години во коишто на 6 месеци се менуваше стратегијата за реформи, туку ќе бидат направени по највисоките препораки на Венецијанската комисија и на препораките на Европската комисија којашто прати свои претставници тука. Но за да направиме реформа потребно е да ја ревидираме постојната состојба и затоа во програмата тргнуваме од идејата дека ние мора да го распуштиме Републичкиот судски совет и Советот на јавни обвинители на Република Македонија, свесни за седниците на овие совети каде што меѓусебно се разрешува луѓе номинирани од политички партии со незначајни критериуми и со никакво искуство, потенцираше Андоновски и додаде:
Не може истакнат правник да значи правник член на Комисијата за правни работи на СДСМ. Истакнат правник мора да биде врвот во науката, врвот во праксата во државата и тој треба да исполни сериозни критериуми и да помине сериозна постапка во Собранието и затоа ќе предвидиме една многу детална постапка за избор на овие кадри во Собранието на Република Македонија по врвни критериуми.

    

Најново

Повеќе од 300 бомби од Втората светска војна пронајдени на местото на поранешниот аеродром во Атина

Sase Ivanovski

САД градат привремено пристаниште во близина на Газа за испорака на хуманитарна помош

Sase Ivanovski

Даниел Стојчевски: нема да ги заборавиме бранителите и припадниците на безбедносните сили кои ги дадоа своите животи за Македонија

Sase Ivanovski

Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“

Sase Ivanovski

Муцунски: Започнува реализацијата на голем капитален проект

Sase Ivanovski

Сто години борба на ИЈЗ со закани како Ковид-19 и дезинформации околу вакцини

Sase Ivanovski

Градоначалничката Данела Арсовска со скопското јавно претпријатие „Паркови и зеленило“ и АД Стопанска банка Скопје во заедничка еко акција засадија 180 дрвја на булеварот 8 Септември во општината Карпош

Sase Ivanovski

Де Кро: Белгија останува дел од групата европски земји кои сакаат признавање на Палестина

Sase Ivanovski

Османи: Говорот на Вучиќ во Советот за безбедност на ОН беше „посттрауматичен“

Sase Ivanovski

Зошто вратата од бањата секогаш треба да ја држите затворена?

Sase Ivanovski

Ковачевски: Еве ја вистината!

Sase Ivanovski

ЕП ќе отвори канцеларија во Западен Балкан за подобро да го контролира проширувањето на ЕУ

Sase Ivanovski

Блинкен: Америка виде докази за обидите на Кина да се меша во ноемвриските избори

Sase Ivanovski

ЛИДЕРОТ НА БОЈКОТИРАМ, САШО ПАНГОВСКИ: Најголем пораз од блискоста со Џаро ми беше сознанието дека и мафијашите ценат чест, збор, имаат образ – за разлика од политичарите

Sase Ivanovski

Мицкоски со порака од Кавадарци: Мобилизација и масовна излезност, колку повеќе гласаат, толку поголема ќе биде силата за промени

Sase Ivanovski

Битиќи: На 8-ми мај да се спротивставиме на политиките на поделби, за сплотена и силна Македонија 

Sase Ivanovski

Ковачевски: Со крената глава заедно одиме во вториот круг на изборите и очекуваме масовна поддршка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БЕКТЕШИ: НИЕ ЌЕ ИМАМЕ НАД 20 ПРАТЕНИЦИ, ВЛЕН ЌЕ ИМА ПОД 10!

Sase Ivanovski

Ковачевски: Со ВМРО ДПМНЕ ќе се стави крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми и судство и на добрите меѓуетнички односи

Sase Ivanovski

Ковачевски: СДСМ е партија направена од цврст материјал, ние и во потешки услови не сме се отажале

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ШЕФОТ НА ИЗБОРНИОТ ШТАБ НА ТАРАВАРИ: ДУИ НЕ ПОБЕДИ СО ГЛАСОВИТЕ НА РОМИТЕ И ТУРЦИТЕ, САМО ВЛЕН Е ЛЕГИТИМЕН ПРЕСТАВНИК НА АЛБАНЦИТЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БЕКТЕШИ: ВЕЧЕРТА НА 8-МИ МАЈ, ВО ВМРО ДПМНЕ ЌЕ ЈА БАРААТ МАЛА РЕЧИЦА НА ГУГЛ МАПС

Sase Ivanovski

Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

Sase Ivanovski

Таравари: Мицкоски разбра каде е тежината на албанскиот глас

Sase Ivanovski

Нема да го спасуваме ова раководство на СДСМ од потопот, рече Димитриевски

Sase Ivanovski

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Sase Ivanovski

Ковачевски: Јасно ни е дека партијата треба да се менува, за да ја вратиме довербата

Sase Ivanovski

Мицкоски: Банди на ДУИ нудат пари

Sase Ivanovski

Бектеши: Постои документ на кој се потпишани и Таравари и Ахмети, во кој пишува дека нема да прават коалиција со партија која нема да ги направи уставните измени

Sase Ivanovski

Филипче: Активистите се мобилизираат.Да ги подигнеме главите и да продолжиме да се бориме за она во што веруваме

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ШЕФОТ НА ИЗБОРНИОТ ШТАБ НА ТАРАВАРИ: НЕ Е ТОЧНО ДЕКА ВМРО ДПМНЕ СЕ НЕПРИЈАТЕЛИ НА АЛБАНЦИТЕ

Sase Ivanovski

СОФИСКАТА ПУБЛИКА ДОБИ ТРИ БИСА ОД ТРПЧЕСКИ И ПРИЈАТЕЛИТЕ НА КОНЦЕРТОТ „МАКЕДОНИСИМО“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОВАЧЕВСКИ РАСПАЛИ ПО АХМЕТИ: МУ СЕ БЛИЖИ КРАЈОТ ВО ПОЛИТИКАТА, ЗАТОА СЕ ОДНЕСУВА ВАКА ДИВЈАЧКИ!

Sase Ivanovski

Ковачевски: Не се откажуваме, заедно со граѓаните ќе обезбедиме сигурна и просперитетна европска Македонија

Sase Ivanovski

БИТИЌИ: „Грешките во владеењето можеме да ги поправиме, но поделбите во општеството нема да ги залечиме доколку на 8-ми мај не се спротивставиме на политиките  на раздорот, на национализмот, на сеењето страв

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОВАЧЕВСКИ: ЛОШО ГО МЕНАЏИРАВМЕ ИЗДАВАЊЕТО ПАСОШИ, ЈА ПРЕЗЕМАМ ОДГОВОРНОСТА

Sase Ivanovski

Пендаровски: Нам не ни треба враќање назад во историјата, нам ни требаат можности за младите да останат дома

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОВАЧЕВСКИ: И МИЦКОВСКИ ЌЕ ЗАВРШИ КАКО ГРУЕВСКИ, СИТЕ ПОПУЛИСТИ ЗАВРШУВААТ ТРАГИЧНО

Sase Ivanovski

Маричиќ: СДСМ ќе се спротивстави на националистичкиот и популистички виор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОВАЧЕВСКИ: СДСМ СЕКОГАШ РАБОТИ ВО КОРИСТ НА ДРЖАВАТА А НА СВОЈА ШТЕТА, ЗАТОА СЕ СЛУЧИ ВАКОВ РЕЗУЛТАТ

Sase Ivanovski

СДСМ: Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество

Sase Ivanovski

Мицкоски: Освоивме 20% повеќе гласови од збирот на гласовите на владините кандидати – власта на ДУИ и СДСМ е делегитимирана и после 8 мај заминува во опозиција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАКСО: АКО САКА ВМРО ДПМНЕ КОАЛИЦИЈА СО НАС ЌЕ МОРА ДА СЕ ДОРЕФОРМИРА, ДА СЕ ТРГНАТ НЕКОИ КАДРИ КОИ СЕ ИЗВАЛКАНИ ОД ГРУЕВИЗМОТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАКСО: СО СДСМ НЕМА ШАНСИ ЗА КОАЛИЦИЈА, СО ВМРО ДПМНЕ ЌЕ ВИДИМЕ

Sase Ivanovski

Димитриевски на Сител: ЗНАМ нема да влезе во ниту една можна постизборна коалиција со ДУИ

Sase Ivanovski

Ковачки: СДС не е противник само на ВМРО-ДПМНЕ, туку противник на народот и Македонија, затоа на 8 мај да се обединиме за бројот 2 и да ги срозиме за сите криминали и катастрофални политики

Sase Ivanovski

Николоски до директорот на ТЕЦ Неготино: Од каде ти се парите за хациендата во која живееш, дали од крими тендерите на сопругата во РЕК Битола или од твојот криминал со мазут во ТЕЦ Неготино?

Sase Ivanovski

ЧУДНО ВИДЕО ОД СВЕТИ САВА ВО БЕЛГРАД: ВЕРНИЦИ СЕ КЛАЊААТ И СЕ КРСТАТ ВО ИСТО ВРЕМЕ?!

Sase Ivanovski

Ердоган: Нетанјаху, како и убијците пред него, срамно го запиша своето име во историјата!

Sase Ivanovski

Тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Тимчо Муцунски се сретна со поранешни амбасадори, презентирана платформа 1198 и побарана поддршка

Sase Ivanovski

Косово е политички феномен. Прва мнозински муслиманска земја која легализира истополови заедници. Дури неверојатно звучи

Sase Ivanovski

Бугарскиот медиум  „Фактор“ ја анализира средбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со Николај Валканов, поранешниот  потпретседател на „Мултигруп“

Sase Ivanovski

Порака од Атина до македонските политичари: Спроведувањето на Преспа е услов за патот кон ЕУ

Sase Ivanovski

Белгиски медиуми: Победата на ВМРО-ДПМНЕ е крај за европскиот сон на Македонија

Sase Ivanovski

Мерко не се појави на судењето за набавка на луксузното Aуди А6

Sase Ivanovski

Ќе се крати рокот за одлучување – дисциплинските постапки за судиите нема да може да се чуваат во фиока

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЕ ЗАПАЛИ СПРАТ ОД КУЌА ПОЗАДИ УНИВЕРЗАЛНА, НЕМА ЖРТВИ И ПОВРЕДЕНИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СИНДИКАТИТЕ ПРЕКИНАА ГОВОР НА ЏОРЏА МЕЛОНИ, ПОЧНАА ДА ЈА ПЕАТ РАБОТНИЧКАТА ХИМНА

Sase Ivanovski

Пендаровски: Во Крушево дојдов за да ви кажам дека и тука и во цела Македонија ќе победиме, за бојкот тие нека му ја мислат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СИРОМАВ ЧОВЕК, ЖИВ ЃАВОЛ

Sase Ivanovski

Русија ги напаѓа украинските железници за да го „парализира“ товарот со помош од Западот

Sase Ivanovski

Дилетанти во напад – Професорката Силјановска Давкова треба да им рече ФАЛА!

Sase Ivanovski

Ковачевски: Дигитализацијата останува еден од врвните приоритети СДСМ, ги исполнуваме очекувањата на ИКТ индустријата

Sase Ivanovski

САМО ДА НЕ БИДЕ ПОСЛЕ КАКО ШТО КАЖА АНТЕ МАРКОВИЌ

Sase Ivanovski

АЕТМ и ВИЗА доделуваат грантови од 1000 еур за отворање на е-продавница

Sase Ivanovski

Маричиќ: Евроинтеграцијата е премногу важна цел за да се потклекне пред предизвиците

Sase Ivanovski

Тошковски во посета на ЕБР и ЕОП: Поддршка до специјалните единици бидејќи ти се првиот столб на заштитата и зачувувањето на безбедноста и суверенитетот на државата

Sase Ivanovski

Русија ѝ се закани на Полска:„Тие ќе бидат први на списокот на нашето воено планирање“

Sase Ivanovski

21 Политичка партија ја потпишаа Заложбата за заедничка акција против нелегалната сеча и уништување на шумите во Република Северна Македонија

Sase Ivanovski

Касами: Веќе е најавено дека „Влен“ ќе биде дел од наредната влада

Sase Ivanovski

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Sase Ivanovski

За 15% поскапе осигурувањето за регистрација на возилата

Sase Ivanovski

Сонот на штипјани станува реалност – браната Отиња го решава водоснабдувањето на градот

Sase Ivanovski

Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност

Sase Ivanovski

Не е точно дека директорката на Токсикологија оди на работа по 4 часа дневно и дека се паркира на влез од Клиниката, рече министерот за здравство

Sase Ivanovski

КОЛОЗОВА: ЧАО ЕУ, ДОБРЕДОЈДЕ ЕУРОАЗИЈА

Sase Ivanovski

МАЈКО МИЛА: Разбојникот кој со автомат ограби казино во Лешок е полициски службеник

Sase Ivanovski

Хаос пред градското собрание во Тирана, фрлани молотови коктели врз објектот

Sase Ivanovski

Абдиу Халили – Герасимов: Имаме заедничка цел, членство во ЕУ до 2030 година

Sase Ivanovski

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Sase Ivanovski
Вчитувам....