Меѓународниот ден на ретките болести е глобално координирано движење кое работи на еднаквост во социјалните можности, здравствена заштита и пристапот до дијагноза и терапија за луѓе кои живеат со ретка болест.
Сите, поединци, семејства, институции, лекари, политичари па и ние како центар за рехабилитација и реинтеграција, можат да учествуваат во подигање на свеста и преземање акција за оваа ранлива популација која бара ургентно внимание.