Петличковски го потенцираше значењето на вакцинацијата против ковид-19 и нејзиното влијание во намалувањето на ваквите симптоми. Од сите сериозни студии произлегува дека оние кои се вакцинирале поретко имале долг ковид и симптоми кои им го отежнуваат секојдневниот живот откако ќе го прележат вирусот.Иако трендот на заразени лица со ковид-19 е во надолна линија, речиси во сите клиники е зголемен бројот на лица кај кои откако го прележале коронавирусот се влошила хроничната болест или пак за првпат после ковидот се појавила некоја акутна болест.Ова на денешниот брифинг со новинарите го споделија проф. д-р Александар Петличковски, специјалист по клиничка генетика и претседател на Комисијата за заразни болести, проф. д-р Гордана Китева – Тренчевска, специјалист невролог и научен соработник д-р Валентина Андова, специјалист кардиолог.Д-р Петличковски рече дека во моментов состојбата со ковид-19 е добра и болниците немаат притисок како претходно, а сѐ повеќе фокусот се поместува на последиците по прележување на болеста.Некои од симптомите може да траат и со месеци, но и со години, по прележување на коронавирусот. Главните ризик фактори за долготраен ковид се потешко помината болест, понапредната возраст, тоа значи дека повозрасните почесто имаат долг ковид, женски пол и невакцинираност – рече Петличковски.
Тој го потенцираше значењето на вакцинацијата против ковид-19 и нејзиното влијание во намалувањето на ваквите симптоми. Од сите сериозни студии произлегува дека оние кои се вакцинирале поретко имале долг ковид и симптоми кои им го отежнуваат секојдневниот живот откако ќе го прележат вирусот.Д-р Валентина Андова од Клиниката за кардиологија информира дека работата кај нив е значително зголемена со пациенти кои имаат прележано ковид-19 и дека дневно во просек се вршат по 400 прегледи, додека на дијагностичките методи се прават и до 150 прегледи дневно. Старосната граница, како што посочи, станува сѐ пониска и периодов доаѓаат и пациенти од 25 до 30 години, со сериозни кардиоваскуларни заболувања.Бројот на пациенти е значително зголемен пред ковид-пандемијата. Најчесто пациентите доаѓаат поради симптоми на замор, малаксаност, градна болка, отежнато дишење или пак срцебиење, а како пост-ковид синдроми најчесто се јавуваат дилатативна кардиомиопатија, лева и десна срцева слабост, аритмија, венски тромбоемболизам и воспалителни промени на срцето што се многу почести во однос на пред пандемијата – рече кардиологот д-р Андонова.