Меѓу пратениците што дале поддршка за извештајот се и двајца претставници од Македонија при Советот на Европа, Дарко Каевски од СДСМ и Арта Билали-Зендели од ДУИ.По усвојување на извештајот, Парламентарното собрание на Советот на Европа сега треба да го испрати предлогот за прием на Косово до Комитетот на министри за надворешни работи, кој треба да ја донесе конечната одлука со двотретинско мнозинство.
Состанокот на Комитетот на министри треба да се одржи на 16 и 17 мај во Стразбур. На усвојувањето на препораката му претходеше расправа која траеше повеќе од два часа.Мнозинството пратеници кои зедоа збор го поддржаа членството на Косово во Советот на Европа, на кое, пак, од друга страна, жестоко се противи Србија.