14.8 C
Скопје
03/05/2024 09:43
МАКТЕЛ

  

     

 

РЕШЕНИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА, ПО 8 МАЈ

      

м-р Глигор Стоименов Ги следам политичките кампањи за избор на претседател, еве почнува полека и оваа за парламентарните избори и некако си правам сопствени проценки за зрелоста на Македонските политичари без разлика на националната припадност, проценка за зрелоста на Македонскиот електорат, медиумите итн. Од сето видено до сега можам да го разберам изборниот вокабулар, ветувањата и манипулациите на кандидатите, но не можам да разберам дека се уште има огромен број на граѓани кои лесно веруваат и ги консумираат оние мноштво искажани “трчи -лажи“ ветувања.

Па меѓудругото слушнавме дека нема веќе да има попустлива надворешна политика, да, и тоа го слушнавме, ќе се барале гаранции од Брисел и ќе им ставиме на сите до знаење кои сме ние, а не како до сега виткање кичма. Ќе се барало нова преговарачка рамка, оваа не ја бивало, како и гаранции дека нема да има повеќе билатерализација на нашиот пат кон ЕУ. Некои од кандидатите ќе го раскинувале “Преспанскиот Договор“, а други пак ќе излегувале од НАТО, некои ќе барале реципроцитет, а други пак се закануваат кон ЕУ и внимавајте даваат рок до 2030 да не примат, инаку не ги фермаме после тоа. Но еве денес овие од ДУИ ни пуштаат и “привиденија“ затоа како ќе изгледал новиот парламент.  Луѓе мои, да не ви личи ова по малку како “Циркус Медрано“. Многу од овие работи искажани од некои кандидати и не вреди да се коментираат затоа што се хумористични пред се.

   

Со мојата почитувана професорка, кандидат на опозицијата за претседател, минатите избори во 2019 година споревме околу тоа кој може да потпишува и склучува меѓународни договори. Веројатно веќе сите научија дека освен претседателот, меѓународни договори може да потпишува и премиерот и министерот за надворешни работи. Така е секаде во Европа, така е и кај нас, но така е и согласно Уставот, законите и меѓународните договори кои сме ги усвоиле. Препорачувам до мојата професорка без разлика дали ќе биде претседател или не, повеќе да се дружи со професорот Денко Малески во наредниот период, затоа што многупати ми рекла дека многу го почитува.

 

Веројатно по овие избори сите други ќе научат дека на ниту една земја кандидат до сега, од 1957 година па наваму, од основањето на Европската заедница за јаглен и челик, денешната ЕУ, ама баш на никоја до сега не и биле дадени никакви гаранции од ЕУ. Ако не е така, нека кажат кој добил гаранции? Во меѓународната и домашната политика а впрочем и никаде на друго место не постојат гаранции, освен гаранции на апарати за бела техника, таму постојат гаранции, но и таму не важат секогаш. Веројатно ќе научат и тоа дека кога ќе ги почнеме преговорите со ЕУ се понатаму ќе претставува билатерализација. Тоа е неизбежно. Треба сите да бидат свесни дека веќе отстапуваме дел од нашиот суверенитетот кога бараме ЕУ интеграција, така било за сите.

   

     

Имено, секоја членка ќе може да спори со Вас за било која тема од преговорите до колку не ги исполнувате тие работи што сте ги договориле и имплементирале. Така е согласно новата методологија. Затоа прашањето околу билатерализација е безпредметно и не се однесува само на Р. Бугарија. Р. Бугарија може да спори со нас по било кое прашање од преговарачките кластери по одредени теми, но единствено НЕ може да спори по историските прашања со нас затоа што тие не се дел од преговарачката рамка, туку обврска на историските комисии кои се пак обврска согласно Договорот за добрососедство кој е пак обврска согласно Копенхашките критериуми.

Не знам зошто нашите политичари не сакаат да ја читаат и не сакаат да ја разберат преговарачката рамка кога цела Европа ја разбира. Дали сме тоа ние нација која ништо не чита и ништо не разбира, односно нација со најниска интелигенција во Европа според некои истражувања на ЕУ агенции. Не сакам да верувам во тоа. Но и понатаму сум убеден и сметам дека “Францускиот предлог“ околу преговарачката рамка со ЕУ е еден поклон за нас од Брисел, имајќи во предвид дека се издејствува во едни сложени политички релации со Р.Бугарија, кога барањата од таму кон нас беа многу поголеми. Внесување на Бугарите во Уставот е најмалата работа што можевме да ја направиме.

Тоа не е диктат. Но нашата политика и нашите политичари во невидена желба за власт свесно или несвесно направија еден политички, национален и пред се геостратешки “дебакл“ врз нашите граѓани со тоа што ја затворија вратата кон ЕУ, секако привремено, но ќе изгубиме драгоцено многу време.  Тоа е сепак и израз на зрелоста на една нација и политика, во еден даден временски период. Вистинските и зрели политичари мораат да носат и одлуки кои се спротивни од волјата на мнозинството во даден временски период, одлуки кои носат бенефит во наредните децении.

Како понатаму по 8 мај? Ситуацијата во моментов на политички план е доста сложена и неизвесна за нашата земја. Политичките партии во желба за приграбување на гласови ветуваат се и сешто при тоа како да не мислат како ќе се разбудат на 9 мај и ќе продолжат да живеат со тие силни зборови што ги кажуваат.

ВМРО -ДПМНЕ се во некоја еуфорија, дека еве доаѓаат на власт и зборуваат се и сешто. Ќе ја спасувале Македонија, горди ќе сме биле, а факт е дека при секое нивно спасување не заглавувале во таква кал да не можеле долго да не извадат после тоа.  Но тука има еден друг проблем. Еве да речеме дека го прават ова само за да дојдат на власт, но после 9 мај ако бидат власт ќе мора да го спроведат и она што не го ветуваат на митинзите, а го ветуваат онака на муабет особено пред меѓународната, тоа се Уставните промени. Инаку не гледам како би биле власт подолго време? Како ќе го направат тоа со нивните гласачи не знам, ги дигнаа многу ветувањата, веројатно имаат стратегија или стратегијата е она да дојдеме па после ќе му ја мислиме. Но никаков план околу нашата европска иднина официјално тие не понудија.

Оваа политика и понуда објективно ја гледам како една долга и темна улица од која нема долго да  излеземе, со еден збор “неизвесност“.  Сепак, факт е дека граѓаните во голем број ќе дадат поддршка за оваа коалиција од повеќе причини. Една од главните причини е да ги испратат ДУИ во опозиција и да не можат веќе Албанските партии да прават што сакаат. Но тоа го сакаше и Зоран Заев минатите избори и не успеа. Впрочем ако направите една кратка анализа меѓу граѓаните ќе видите дека главното незадоволство и гласање за Македонската десница и за ВМРО-ДПМНЕ пред се, одат токму од тој некој имагинарен “страв“ од “албанизација“ на Македонија. Во ова се убедени голем број Македонци и ќе го дадат својот глас за ВМРО-ДПМНЕ спремни да ја жртвуваат дури и европската иднина и демократијата во земјата, само за да им стават ред на Албанците, зошто нели ја “изгубивме државата“.

Но знаете, не е битно овде што мислам јас, битно е дека ова го мислат голем број граѓани и секогаш е опасна и сериозна ситуацијата во една држава кога најголемата (во бројки) нација, како најсилен носител на суверенитетот во една демократија, се чувствува несигурна, односно со “расклатени нозе“, тоа е потенцијално многу опасна ситуација. Овде секако треба да апелираме и до политичките партии на Албанците кои секогаш на избори со цел да добијат што повеќе гласови се “пумпаат“ со национализам и нови барања и го нарушуваат Охридскиот Рамковен Договор. Барањата за избор на претседател на државата во Собрание, премиер по етничка припадност и по етнички клуч се барања со кои се руши унитарниот карактер на Македонија и треба веќе еднаш да запрат. За секои избори го гледаме истиот овој националистички фолклор кој не служи за ништо друго освен кога немаат понуда па им нудат “ветер и магла“ на својот електорат. На глупости и национализам секогаш се одговара со поголеми глупости и поголем национализам, тоа е правило во политиката.

Што се однесува до СДСМ како владеачка партија таа во моментов е во една тешка и незавидна ситуација. Не можете секогаш да ги обвинувате зошто не му се спротивставиле на ДУИ посилно, иако сакаа и свесни се дека ДУИ им го уништи рејтингот, едноставно толку беа бројките, толку им беше силата во парламентот.  Инаку секако дека дел од причините за овој пад на рејтингот на СДСМ е во тоа што дадоа и големи жртви околу решавање на тешки прашања за Македонија но за многу работи и самите се виновни. На нив можам се у лице да им кажам и око да не ми трепне затоа што ги поддржувавме сите овие години. Тие и покрај храбрата политика која ја водеа покажаа исклучителни слабости во рамките на кадровскиот потенцијал и избор, како и во рамките на ефикасно и ефективно владеење.  Имаат слабости во многу сегменти, еден исклучително слаб пи-ар, како зарѓан трабант! Многу млитаво и лошо во јавноста го објаснуваа и менаџираа Францускиот предлог околу Преговарачката рамка, не го читаа и разработија доволно и дозволија на ТВ дебати над нив силно да доминираат многу слаби и нестручни поединци од другата страна, како да немаа оружје во рака. Секако и низа други работи со кои тешко се справуваа. Исти, идентични соопштенија со ист вокабулар. Па замислете опозицијата и на ступидни предлози како онаа за продолжување на важноста на пасошите, која во основа ништо не значи, им вадеше поени! Верувам дека по изборите ќе има таму длабинско чистење и ресетирање во многу сегменти!

Но и понатаму сметам дека СДСМ се политичка опција која со сите свои слабости и мани покажа доследна храброст и државотворност, на тоа треба да се оддаде признание, и сепак нуди единствена предвидлива политика за развој на државата, се друго што гледам како понуда и алтернатива е една голема неизвесност. Затоа граѓаните пред гласачкото место длабоко да размислат дали ќе гласаат за својата иднина или ќе влезат во некоја долга и темна улица.

Решенија по 8 мај Како што впрочем анализиравме ситуацијата е буквално таква “ угоре високо, удолу длабоко“. Се повеќе сум убеден дека со ова ниво на политичка култура кое го имаме, со ова ниво на зрелост на политичките елити во Македонија како и на Македонскиот електорат, уште многу години нема да бидеме дел од ЕУ и тешко ќе ги водиме преговорите. Немаме елементарна политичка воља да се промениме. Партиите се како рогови во вреќа и секогаш, па и уште 100 години натаму ќе го гледаат само политичкиот интерес.

Потребно е ново “Пржино“, како сакате наречете го. Мислам дека е потребно да почнеме да размислуваме сите заедно околу она што пред неколку години некои професори го предложија, од започнување па до завршувањето на преговорите со ЕУ да се формира во Македонија една влада на “Голема коалиција“ на двете Македонски најголеми партии и на двете најголеми албански партии и сите заедно во влада. Таа коалиција би била предвидена како законско решение, како што е впрочем и техничката влада. Ќе видиме понатаму дали ќе бидат потребни и Уставни измени или може да се најде решение и без тоа. Победникот на изборите би го имал премиерското место и би раководел со владата а останатите ресори ќе се поделат согласно местата предвидени во договорот за една ваква влада, по принципот на добиени гласови на изборите. Ние единствено може да влеземе во ЕУ притоа имајќи го во предвид ова ниво на развој, само доколку сите политички чинители ја споделуваат одговорноста заедно. Оваа влада би имала временски карактер и нејзината важност би завршила со денот на завршување на преговорите со Брисел. Изборите ќе се одржуваат редовно на секои четири години, ќе бидат исто така спроведени од една техничка или експертска влада (100 дена пред избори) и не верувам дека многу ќе се изгуби смислата на демократијата и плурализмот доколку во еден извесен временски период сите партиципираат во една таква влада. Големата слика е тоа, да со заеднички напор  ја однесеме оваа држава таму каде што треба.

Е сега ова на некој ќе му изгледа интересно решение, друг нема да се согласи вака на прва мислејќи дека на 8 мај ќе биде голем победник и ќе може ефективно да владее со целиот плен! Но ова е само на прв поглед. Веќе на 9 мај ќе им стане јасно на многу актери на политичката сцена дека не е се така како што изгледало на митинзите. На ВМРО-ДПМНЕ ќе му бидат испорачани барања за коалиција кои тешко ќе ги исполни иако ветуваат кај ќе стигнат дека ќе исполнат се што треба. Тие го подигнаа  прагот на еуфорија  до небо и тешко ќе излезат од тоа дури и да сакаат а сигурно веќе сакаат. Но и да се договорат со ДУИ и да формираат влада тоа тешко ќе оди, таа влада ќе биде со краток рок. На СДСМ исто така ќе му бидат испорачани барања од ДУИ, ако сака да направи влада, а тоа е Албанец премиер, не технички туку вистински. Не ја разбираат многумина се уште маестралната игра на Али Ахмети. Барањето за избор на претседател на држава во Собрание е мамка, всушност барањето ќе биде за вистински премиер Албанец, не технички. На Ахмети всушност ништо не му значи претседател на држава.  Тој сака премиер. Во една ваква констелација секако тука постои и можност за “Бугарско сценарио“ да не се формира влада кое е исклучително лошо и неповолно за нашата земја.

Ситуацијата е таква каква што е, за никаде. Затоа по 8 мај ќе видиме како ќе се одвиваат работите и каков ќе биде односот на силите. Вреди да се размислува во сите насоки па и за овие идеи. Затоа мора да се издигнеме како држава на едно повисоко ниво, да ги закопаме суетите и да мислиме како ќе биде подобро утре од вчера.Сепак на крајот не знам дали сме свесни дека се од нас зависи.

    

Најново

Џабир Дерала добитник на германската награда – Солидарност за новинари од Југоисточна Европа за 2024 година

Sase Ivanovski

САД соопштија дека случајно убиле цивил за време на напад со дрон во Сирија

Sase Ivanovski

Маричиќ: Сега е потребно да дадеме глас ЗА продолжување на преговорите со ЕУ

Sase Ivanovski

Не стивнува интересот за купување станови, зголемена побарувачка на станови во Штип

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Нина Шерифовска од Малиќи Груп со препорака за развој на женско претприемништво

Sase Ivanovski

Гоце Цветановски: Продадов стан за да го направам првиот наш долгометражен цртан филм

Sase Ivanovski

ЗА ЕДНА ГОДИНА “СЕ РАЃААТ” ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

Sase Ivanovski

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

Sase Ivanovski

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

Sase Ivanovski

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

Sase Ivanovski

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Sase Ivanovski

ИНТЕРВЈУ САЊА БОЖИНОВСКА: Инфлацијата и истрошениот буџет се најголемите предизвици со кои на стартот ќе се соочи новата влада на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

ВИДЕО: СИЛЕН НАПАД ВРЗ ОДЕСА Ракетите пристигнаа веднаш штом Украина доби нова муниција

Sase Ivanovski

ВИДЕО: „НАЈГОЛЕМИ ДЕМОНСТРАЦИИ ОД ВИЕТНАМ ПА НАВАМУ“ Бројот на уапсени студенти во САД надмина 300

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Кампања на „Барби“: Како општеството создава јаз во соништата помеѓу девојчињата и момчињата

Sase Ivanovski

ГАЛЕРИЈА: Највредните фрески во историјата на уметноста (прв дел)

Sase Ivanovski

„ЏОНСОН И ЏОНСОН“ ПРИФАТИ ДА ПЛАТИ ОТШТЕТА ОД 6,5 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ 100.000 жени ја тужат дека добиле рак на јајници од нејзината пудра

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТИТО ПЕТКОВСКИ ГО БРАНИ МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: НИТУ ЈАС 2006-ТА, НИТУ СЕГА МАКСИМ Е КРИВ ЗА ПОРАЗОТ НА СДСМ!

Sase Ivanovski

Спасовски не отфрла коалиција со ДУИ, иако знае дека граѓаните им замеруваат – го осуди скандирањето „УЧК, УЧК”

Sase Ivanovski

Пендаровски: Ќе продолжам да работам за стабилност на меѓуетничките односи, како гаранција за безбедност на државата

Sase Ivanovski

Пендаровски: Неодговорно и опасно е да се игра на картата на национализам

Sase Ivanovski

ФУРКАН САЛИУ: Знам дека е тешко кога на Македонец ќе му го спомнеш Учк, но тоа име веќе е дел од поновата историја и не смее да биде табу тема

Sase Ivanovski

Ковачевски: Преголема моќ кај десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ значи крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми и на независното судство

Sase Ivanovski

Европски фронт: Граѓаните сами одлучуваат како ќе го искористат правото на глас на претседателските избори

Sase Ivanovski

Ковачевски: Сетете се на 11те години заробена држава, заробени медиуми, замолчани вработени во јавен сектор и истепани студенти

Sase Ivanovski

Пендаровски: Запрепастен сум од реториката на Силјановска во однос на настаните од 2001 година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НИКОЛОВСКИ: ЌЕ СЕ ОБИДЕМЕ ДА ГО СПРЕЧИМЕ ПОНАТАМОШНОТО ДОСЕЛУВАЊЕ ВО СКОПЈЕ, СО ПРОЕКТ КУПИ КУЌА, СО СУБВЕНЦИЈА ОД 50%, ЌЕ ОХРАБРИМЕ КУПУВАЊЕ КУЌИ НАДВОР ОД СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

Лимани: Судот ја прифати жалбата на коалицијата „Вреди“ за „бугарскиот воз“ во Липково

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НИКОЛОВСКИ: НАЈГОЛЕМ ФИНАНСИЕР НА СДСМ Е БЕЛОРУСКИОТ КОНЗУЛ БОРЧЕ МАРКОВСКИ ОД БИТОЛА КОЈ МЛАТИ МИЛИОНИ ОД РЕК БИТОЛА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НИКОЛОВСКИ: ЗА ПРВ ПАТ ПО 30 ГОДИНИ, ВМРО ДПМНЕ ПОБЕДИ ВО УРБАНИ СРЕДИНИ, ДО СЕГА БЕВМЕ ПОБЕДНИЦИ САМО ВО СЕЛАТА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НИКОЛОВСКИ: МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ САКА ДА БИДЕ ЛИДЕР НА СДСМ, ЗНАМ Е САМО ПРИВРЕМЕНА ПАРТИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НИКОЛОВСКИ: ДУИ ЗА НОСИТЕЛ ВО ТРОЈКАТА СТАВИ ОЏА, ТОА ГО НЕМА НИТУ ВО ТУРЦИЈА

Sase Ivanovski

Младеновска: Ќе издадеме решение за забрана за пристап на Токсикологија за здравствените работници без договор за работа

Sase Ivanovski

Ковачевски: Мојсовски секако нема да биде директор на АМС по 8 мај, без разлика дали јас ќе бидам премиер или не

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО: АЦО НИКОЛОВСКИ КОЈ Е 20 ГОДИНИ ПРАТЕНИК ГИ НАРЕЧЕ ВЕНКО И ПЕНДАРОВСКИ ЏАБОЛЕБАРИ?!?!

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Членството во НАТО и во ЕУ и стабилни меѓуетнички односи – ова ќе бидат трите клучни столбови на кои ќе се фокусирам и во следните пет години

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НИКОЛОВСКИ ГО ОБВИНИ ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ДЕКА ЗЕМАЛ ПРОВИЗИИ ОД ВАКЦИНИ?!?!

Sase Ivanovski

Мицкоски: На крајот на паметот не ми паѓа било каква коалиција со ДУИ по изборите

Sase Ivanovski

Филипче: Предлогот на Димитриевски е алиби да ја оправда коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ 

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НИКОЛОВСКИ: ПОБЕДИВМЕ И ВО СТРУМИЦА НО И ВО МУРТИНО!

Sase Ivanovski

ПЛАТИТЕ ОТИДОА ДО ПЛАФОН: КАМ МАРКЕТИ ДАВААТ 50 000 ДЕНАРИ ПЛАТА ЗА МАГАЦИОНЕР?!

Sase Ivanovski

ПРАЗНИЧНО РАБОТНО ВРЕМЕ НА КАМ МАРКЕТИТЕ ШИРУМ ЗЕМЈАВА

Sase Ivanovski

Во пресрет на велигденските празници, а како дел од бенефицијата за вработени (пакет производи за верски празници, согласно вероисповест), КАМ на своите вработени им додели пакет со производи, со што им го честита најголемиот христијански празник Велигден

Sase Ivanovski

Мицкоски: Од 250 милиони евра за инфраструктурен развој на општините дел ќе се инвестира и во општините во западна Македонија

Sase Ivanovski

Ковачевски: Со СДСМ, Македонија влезе во ООН, стана членка на НАТО и отвори преговори со ЕУ

Sase Ivanovski

И ВУЧИЌ СЕ ПРЕТЕРА СО ВЕТУВАЊАТА

Sase Ivanovski

БАКСУЗ НА ДЕНОТ: СРБИН ЗАГИНА ОД УДАР ВО БЕТОНСКИ КРСТ?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НИКОЛОВСКИ: ФИЛИПЧЕ ИГРА НЕФЕР, ДЕНОВИВЕ МАСОВНО ЛЕЧИ НАРОД ОД ЦЕЛА ДРЖАВА ЗА БЕСПАРИ, КАКО ДА СЕ БОРАМ СО ТОА?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тито Петковски: Според реториката на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не ми е јасно дали одиме на избори или во војна

Sase Ivanovski

Од утре до понеделник јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред

Sase Ivanovski

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра

Sase Ivanovski

Битиќи: Тврдам дека нашата пoнуда е подобра од таа на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Битиќи: Јас прифаќам различности за разлика од Давкова која мене ме чита како Среќко

Sase Ivanovski

ШОК ЗА РУСИТЕ: ПОСЛЕ 25 ГОДИНИ, РУСКИОТ ЕНЕРГЕТСКИ ГИГАНТ ГАЗПРОМ ГОДИНАТА ЈА ЗАВРШИ СО ЗАГУБА, И ТОА 7 МИЛЈАРДИ ДОЛАРИ ВО БУЛА!!!

Sase Ivanovski

Филипче до членството: Сега повеќе од било кога ни е потребно единство

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Германскиот канцелар Олаф Шолц: Гласот за СДСМ, Ковачевски и Пендаровски е глас за европската иднина на Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ХРВАТСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ МИЛАНОВИЌ: БЕВ ЛИЧЕН СВЕДОК КОЛКУ СТЕВО СИЛНО СЕ БОРИ ЗА МАКЕДОНИЈА ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ!

Sase Ivanovski

ХОРОР: Грабнат, претепан и прободен скопјанец – му забраниле да оди на лекар и во полиција

Sase Ivanovski

НАРОДОВ ИЗГИНА СО МОТОРИВЕ: Двајца моторџии излетале од пат, повредена и 23-годишна сопатничка

Sase Ivanovski

ПОРАДИ НАДГРАДБА НА СИСТЕМИТЕ, ЕВН ОНЛАЈН Е ВО ПРЕКИН ДО 07.05

Sase Ivanovski

ФОТО НА ДЕНОТ ОД КУМАНОВО

Sase Ivanovski

ВАНКОВСКА: СИЉАНОВСКА ПОКАЖА МНОГУ НИСКО НИВО ВО ДУЕЛИТЕ СО ПЕНДАРОВСКИ

Sase Ivanovski

ВАНКОВСКА: СИЉАНОВСКА СЕ ДРЗНА ДА МЕ НАВРЕДУВА ВО ПРИВАТНИ ПОРАКИ, НИКОГАШ НЕ СМЕ БИЛЕ ПРИЈАТЕЛКИ

Sase Ivanovski

ВАНКОВСКА: ЈАС НЕМА ДА ГЛАСАМ ЗА СИЉАНОВСКА!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЕНДАРОВСКИ: ЗАПРЕПАСТЕН СУМ ШТО СИЉАНОВСКА НЕ ЗНАЕ ШТО Е ВРХОВЕН КОМАНДАТ НА АРМИЈАТА

Sase Ivanovski

Ковачевски за случајот со спортските ваучери: Обвинителството треба да работи независно и согласно закон

Sase Ivanovski

Тошковски во посета на Единицата за безбедност на сообраќајот на патиштата и Единицата за увид на место на настан и анализа

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ќе удриме силно по челото на корупцијата донесена од ДУИ и СДС, ги крадат и Македонците и Албанците

Sase Ivanovski

Ромите одбиваат да молчат пред неправдата

Sase Ivanovski

ЧУДНА ИЗЈАВА НА СИЉАНОВСКА

Sase Ivanovski

Пендаровски: ДНО.Дебата на МТВ никогаш не сме договориле .Последна ќе имаме на 6 мај на тв канал 5

Sase Ivanovski

Силјановска-Давкова: На претседателска дебата со празно столче

Sase Ivanovski

Петровска од Тетово: Предвидуваме рекордни 1,35 милијарди евра поддршка за земјоделците

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Спасовски откри дека нарко босовите ја спасиле и дрогата и возилата вредни милиони евра: Откривме кој ја пробил акцијата Планина” на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција која се однесува на наркобосови од Грчец и Гази Баба

Sase Ivanovski

Грозданов: Политичарите да разберат дека Македонија има скапоцени метални суровини, додека „еколошките активисти“ плашат народ со невистини

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДАНЕЛА ПРЕД ДА БАРАШ ГЛАСОВИ НА ИЗБОРИТЕ, ИСКОСИ ГО КЕЈОТ ЗМИИ ЌЕ ГИ ИЗЕДАТ СКОПЈАНИ!!!

Sase Ivanovski

Бојмацалиев: Одделенијата за внатрешни работи Неготино и Кавадарци подготвени за изборите на 8 мај

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ 

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Очекувам пресврт во вториот круг на изборите

Sase Ivanovski

ЦАРЕВИ НА ДЕНОТ: СИ СЛАВАТ ПРВИ МАЈ НА КЕЈOT ВО СКОПЈЕ

Sase Ivanovski
Вчитувам....