Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова вечерва во Собранието на министерот Фатмир Меџити му порача дека разрешувањето не говори за него, туку за тие кои го разрешуваат. Таа ја употреби реченицата „Раздели па владеј“ за да ја опише ситуацијата.
Рече дека техничките премиери не предлагаат разрешување. Вели дека техничкиот премиер не треба да го интересира што се случува во одредена партија. Таа рече дека ова е парадокс. „Ние постојано учиме лекции и постојано се враќаме на првата“, кажа Силјановска Давкова. Таа вели дека не чула дека министрите имале грешки во работењето, но немало ни благодарност. Со часови се расправа за разрешувањето на министрите Меџити и Азир Алиу.