Овие измени се во спротивност со Општиот колективен договор потпишан лани, особено со членовите 13 и 14, велат претставници на КСС.
– Овој закон нема ништо европско, со овој закон само се поттикнува непотизмот и примитивизмот. Вадењето на минималната плата да важи од март, а сите други одредби од 01.01.2025 година. Мислиме дека не е време да се носи еден ваков закон, како што го кажуваат реформски и европски, а нема ништо европско, ниту реформско. Не знам која е потребата, ние кажавме уште при потпишувањето на општиот колективен договор дека имаме камен на сопнување, но и тогаш кажавме, а ќе кажеме и сега, дека ќе си ги браниме нашите права онака како што ги браневме многу години наназад, низ протести и штрајкови – рече Благоја Ралповски, претседател на КСС.
На протестот дојдоа и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои посочија дека процесот на носење на измените на законот не е инклузивен и дека на овој начин „за реформи во јавната администрација ќе ни требаат стотици години“.
Ралповски посочи дека поголемиот дел од работниците во јавниот сектор ќе продолжат да земаат минимална плата и нема да добијат усогласување на платите во март, и како што рече, не може да има државни службеници кои што земаат минимална плата, а да се бара професионалност од администрацијата.Ветувањето при потпишувањето на општиот колективен договор од страна на министерот за финансии Фатмир Бесими и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, дека ќе се допреговара овој дел од Законот, Ралповски рече не е исполнето.