Грчката пратеничка и поранешна министерка за надворешни работи Дора Бакојани пред Комисијата за политички прашања и демократија на Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе го претстави својот извештај за барањето на Косово за прием во најстарата паневропска организација Советот на Европа.
Шефицата на постојаната делегација на српскиот парламент во ПССЕ, Билјана Пантиќ-Пиља, на крајот од минатата недела изјави дека известувачот за приемот на Косово во Советот на Европа, Дора Бакојани препорачала Косово да стане членка на таа политичка организација.