Знаев дека по реакцијата на Кикифрики на мојата реакција на неговиот текст за најчитаната книга во неговиот живот, ќе ме затрупаат нови нарачки од пропагандата на сдсм, кога, ете ти го морбидниот, ме фати среде долгиот срк скопско.
Цел еден бран ми плисна во меѓуножјето на првиот звук “тирулитирула”:
“Тричко, не те плаќаме да пиеш и да спиеш туку со своите метафори во кои ќе го скриеш својот говор на омраза, да го напаѓаш Герота и сите послаби луѓе, човекот те растура, а ти уживаш, за овој месец парите ќе ти ги скусиме за 70 отсто”
Ха, јебига, кој ми е виновен, не ми требаше да се закачам со Герота.
Да бев читнал и некоја друга книга а не само “Тиквите” на Михаиловиќ, ќе знаев дека “апологетството на силните и насилните” еден ден ќе ми се удри од главата. Ќе знаев дека макар повремено треба да бидам и на страната на послабите. Да бидам бунтовник. Лајк Кикифрики. Макар против нормалноста. Хахаха. Вака, со едно пристојно праволиниско и во суштина провидно романче, под нивото на “Лун краљ поноќи”, една, како да кажам, серенада за урбаните маргиналци и комунистичките страдалници, толку се може.Или, можеби, грешката е што не сум го читал “најмногу пати”.
Како Геро.
Но, да ги оставиме “Тиквите” и да преминеме на црешите.
На страната на слабите може да се биде на повеќе начини, едниот е да им се помага, со пари, храна, внимание, партиски програми, со блокади и пучеви, со ширење на простачката и глупантропска клима во која слабите ќе уживаат како во џакузи, со прикаски какви што пишува Кикифрики, значи на начин на кој со ништо не се нарушува статусот на слабите, обратно, се бетонира и, второ, така што на слабите ќе им се помогне да ја освестат својата слабост и да излезат од таа положба. Сеедно дали зборуваме за положбата како национална, социјална или културна категорија. Понекогаш за тоа е потребно на слабиот да му се удрат неколку фини шлаканици, ако се разбираме, да му се помогне да се разбуди од својот сон, да престане да ги мрази имотните, не, туку самиот да може да стане имотен, не да ги мрази тие што го оспоруваат, туку да ги жали и да не ги ебе, не да моли за храна, туку за машини за производство на храна.
Ако се разбираме.
Да не претерувам, обраќањето може да отиде во блаблабла.
Да се вратиме на “Тиквите”: актуелизирањето на романот во Нордот може да има смисла само во мојата интерпретација, односно во деловите што јас ги нагласувам и ги поврзувам со Кикифрики и неговите другари, инаку во мотивот што него го принудил да ја истакне како книга што најмногу пати ја читал, може да се насетат причините за трагичната судбина на овој слаб човек.Јас те сакам, бе Геро, моите обраќања се обид да те допрам, да ти ја исчистам брадата од аеросолите што ги исфрлаш и ја труеш околината, без секс, да се разбереме.
П.С.Ја молам пропагандата на сдсм да ме врати во платниот разред пред оваа драматично недоразбирање.
Герота барајте си го на неговиот ѕид.