Општинското основно училиште Наум Наумовски Борче е првото училиште во Република Македонија кое од денес има атлетски борилишта.
Со реализацијата на овој проект изградивме атлетска патека со тартан подлога за трчање на 100 метри со четири стази, сегмент за скок во далечина и сегмент за фрлање ѓуле.
Вкупната инвестиција изнесува 6.400.000 денари.
Реализацијата на овој проект претставува можност за развивање на атлетските спортови на учениците од ова, но и другите основни училишта во општина Гази Баба.
Посакувам на овие спортски терени да се организираат и реализираат многу спортски настани на кои учениците ќе имаат можност да спортуваат, рекреираат и другаруваат.
Изразувам благодарност до Атлетската федерација на Македонија за успешната соработка во реализацијата на овој проект.