Чест и задоволство ми е да бидам на денешната промоција на уште еден албум од култните Superhiks
✌️Драго ми е што сме домаќин на нивните активности поврзани со 30 годишното музичко постоење на македонската сцена и кои, како што кажа Пеце, ќе ги има во голем број во периодот што е пред нас, сѐ до финалниот голем концерт закажан за 29 јуни во Расадник.
🎉 Ќе биде убаво заеднички да се прослават двата родендени – тој на Суперхикс и на нашата општина.
🎼 Албумот се вика ,,Сила и нервоза”, а од она што го слушнав убеден сум дека ќе има доста хитови.
🪩 Очекувајте добра забава!
🔜
Иван Медо Живковски