Проблематичниот ученик од „Димо Хаџи Димов“ кој вчера истепа наставничка и нападна соученици ќе биде префрлен во друго училиште. Ова ќе се направи по првиот круг од претседателските избори. Тим на Центарот за социјални работи, поради асоцијалното однесување побарал негова хоспитализација и надзор од лекар. Родителите од основното училиште „Димо Хаџи Димов“ се организираат да потпишат петиција.
Наставничката добила лекарска помош од Итната помош, таа се жалела на повреди на главата и вознемиреност. Ученикот и претходно правел слични проблеми, станува збор за дете без родители. Детето е згрижено е во групен дом. Тоа е на возраст под 14 години и не може кривично да одговара. Известени се надлежните институции за социјални работи. Случајот и инцидентот се пријавени во полициската станица во Карпош.