Еден од столбовите на жичарницата, од засега непознати причини се урнал, а луѓето во кабината, која се распаднала по ударот во столбот, паднале на карпеста површина.Во текот на ноќта беа евакуирани 137 патници од 19 кабини, а уште 29 луѓе чекаат да бидат спасени и висат во една од кабините. Во спасувачката операција учествуваат осум хеликоптери и повеќе од 600 спасувачи. Сè уште се истражуваат причините за несреќата.