„Со нетрпение очекуваме да ви посакаме добредојде вам, на вашиот посебен идентитет и на вашиот јазик, македонскиот јазик“, наведе Фон дер Лајен, изразувајќи задоволство што нејзината турнеја низ земјите од Западниот Балкан во следните три дена ја започнува токму од Скопје.Како што претходно соопшти Кабинетот на Пендаровски, на средбата станало збор за процесот на пристапните преговори на земјава за членство во Европската Унија, за актуелните политички случувања во Македонија и за тековните состојби во регионот.