„Многу работи го красат Скопје. Од пред некој ден нашиот автобус е уште еден прекрасен украс на нашето Скопје. Можете да го видите и во Аеродром и во Ново Лисиче; и во Железара и во Автокоманда; и во Волково и во Драчево… Всушност, нашиот автобус е покана до сите деветтоодделенци „од цел свет“ да дојдат, да го почувствуваат нашето училиште и од септември да бидат наши ученици. Биди ИН – Биди ГРИН!“, пишува во објавата на СУГС Браќа Миладиновци.
Покрај рекламата на автобусот на ЈСП, СУГС Браќа Миладиновци организира и еднодневни посети за основците во нивното училиште.