Бразил, иако беше поразен со 1:0, сепак остана на првата позиција и продолжува во осминафиналето. Швајцарија, која во последното коло од групата Г ја совлада Србија со резултат 3:2, оди во осминафиналето на Мундијалот, а Србија го заврши својот настап на Светското првеснтво во Катар. Џердан Шаќири после само 20 минути игра ја доведе Швајцарија во водство, но Србија успеа да израмни само шест минути подоцна кога погоди Александар Митровиќ со глава. Успеа Србија десет минути подоцна и да направи пресврт со голот на Душан Влаховиќ.
До крајот на натпреварот играта беше помирна, без поголеми прилики, па така Швајцарија победи и како второпласирана продолжува во осминафиналето. Камерун на вториот меч од оваа група го шокираше фаворитот Бразил, славејќи со 1-0 со голот што го постигна Абубакар во 92. минута, во судиското продоложение, а неколку моменти по голот беше исклучен. Бразил, иако беше поразен, сепак остана на првата позиција и оди во осминафиналето.