🧑🏫 Активностите за унапредување на наставниот процес за нашите ученици кој интензивно се одвива во основните училишта на наша територија, продолжуваат и понатаму.
📍Во ООУ ,,Кузман Шапкарев” во Драчево изградивме нови две училници со што овозможуваме предметната настава да се одвива во засебни кабинети.
☝️Ова е посебно важно бидејќи овозможува опремување на кабинетите со повеќе нагледни средства и можност за повеќе практична и експериментална настава, како чекор што го унапредува квалитетот на учењето и на учениците им обезбедува подобра подготовка за нивната професионална иднина.
🎓 Во таа насока, инвестициите во нашите образовни проекти продолжуваат и сакам да информирам дека во моментов се прави проект за доградба на крак и во ООУ ,,Кирил Пејчиновиќ”, со што ќе се овозможи работа во една смена не само во ова, туку во сите училишта на територијата на Кисела Вода до крајот на мојот мандат.
☀️ Дополнително, она што исто така е убава вест и вреди да се спомене е дека и сите училишта во нашата општина оваа година ќе добијат фотоволтаици.
❤️ Влогот во младите е влог во иднината!