Најпрво, сакам од срце ви се заблагодарам на сите, за овој преубав гест и благодарницата која ќе стои на посебно место во мојот дом. Ми го наполнивте срцето. Благодарам!
Финализираат градежните активности на улица ,,Христо Татарчев 2” и краците ,,8” и ,,10” кои беа една голема потреба на жителите на овој дел од општината.
Како што самите кажаа, 50-тина години овде немало реконструкција на патната инфраструктура што резултирало со големи оштетувања на асфалтот и проблеми во одвивањето на сообраќајот.
Реконструктивниот зафат кој го привршуваме е на површина од 3028 квадрати и конечно со него се става крај на проблемите што ги имаа жителите на населбата Кисела Вода.
Продолжуваме со интензивна работа и во сите останати населби и населени места, целосно менувајќи го на подобро ликот на општината и унапредувајќи ги условите за сите наши жители.
Мојот народ заслужува!